Ѕвонестите ракави се вистински хит оваа сезона. Парчињата облека со ѕвонести ракави се пред се’ женствени, убаво стојат и одлични се и како самостоен аксесоар. Иако стекнаа масовна популарност во текот на минатата година, многу веројатно е дека овој тренд ќе продолжи да доминира на модната сцена и во новата година, поради што вреди да инвестирате во гардероба со вакви или слични ракави. За таа намена, ви претставуваме неколку начини на кои можете да ги носите и комбинирате. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се.

НЕМА КОМЕНТАРИ