Да си признаеме  – дури и препознавањето и одредувањето на сопственото тело, знае да биде тешко. Нема универзален индекс на мерки како тоа да го дознаеме, а дури и кога ќе најдете некој систем кој ви се допаѓа, секогаш се случува дека одреденото парче на облека кое по сите правила би требало одлично да ви стои – не стои!

Од друга страна, можеби ќе помогне да се знае дека вашиот облик на тело е свртен триаголник – кога бирате блејзер, но што е со здоништата? Или пантолоните? И што кога ќе се пронајдете во повеќе од еден облик на тело?……Каква конфузија.

Знаеме дека сте сигурни, што на вашата фигура најмногу и одговара, но исто така знаеме, дека постојат безброј опции и модели на пантолони  – и затоа мислиме дека е вистинско време да нагласиме неколку модели на пантолони кои изгледаат одлично на одредени градби.

Облик на тело – Висока и витка

Ако имате помалку машка фигура, одберете модел на пантолони со висок струк кои убаво ќе го дефинираат средниот дел на вашето тело. Ќе привлечете внимание и ќе го дефинирате подрачјето помеѓу вашите рамена и колкови и тоа без многу труд. Доколку сакате модни додатоци, додадете ремен.

Облик на тело – Крушка и јаболка

За жените кои имааат покрупен среден дел од телото, пантолони со широки ногавици се фантастичен начин како да ја издолжат својата силуета.

Облик на тело – песочен часовник

Пантолони “cropped” – се идеален избор за секој тип на песочен часовник затоа што ја нагласуваат фигурата таму каде што треба. Помалку широки ногавици истотака можат да помогнат во нагласувањето на фигурата на правите места.

Облик на тело – Број плус

За сите “број плус” девојки, кои бараат совршен пар на пантолони, предлагаме да земат модел со висок струк кој малку се стеснува кон глуждовите. Широките ногавици би можеле уште повеќе визуелно да ве шират, а тесни ногавици ќе направат дебаланс на пропорциите.

Облик на тело – Петит

Ситна фигура? Немате проблеми! Одберете пантолони со крој на рамни ногавици. Визуелно ќе и додатат на висината, без создавање на премногу волумен во вашата долна половина на телото. Модел со набори од предната страна, исто така многу помага во издолжувањето на силуетата.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 градови кои ќе ве воодушеват во 2017 година!
Следна објаваЈавна соба и во 2017 за сите генерации
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР