Стручните лица во Rough Guides конечно го составија списокот на најдобри градови кои треба да ги видиме во 2017 година.

При составување на овој список тие разгледале повеќе аспекти – растот и падот на туристичките бројки, новите културни знаменитости и едноставната процедура за патување во некогаш затворените земји.

Isfahan, Иран

Земјата има толку многу да понуди, од патувања по патот на свилата до скијање по пустинските дини на Alborz планините, но сепак, градот Isfahan останува скапоцен камен на земјината круна.

Medellín, Колумбија

Се сметаше за најопасен град на светот, а сега градот Medellín потполно ја смени грдата претстава за него. Денес тој е град на добредојде, модерно место, каде ќе најдете вкусна храна, забавни барови и жива клубска сцена.

Atlanta, Georgia, САД

Овие денови Atlanta ги привлекува патниците заради уметноста, културата, foodie понуда и како трговско седиште.

Guadalajara, Meксико

Во последно време го нарекуваат силиконска долина – втор по големина град во Мексико кој воедно е домаќин на овогодишниот меѓународен филмски фестивал. Овој град е родното место на пијаокот текила и град на меѓународен саем на книгата.

Palma de Mallorca, Шпанија

Нови foodie објекти како што се San Juan Gastronomic Markeт, го менуваат статусот на ова острво на подобро. Станува збор за простор преполн со штандови со храна, аптератив барови и ресторани во кои со текила туристите преку цела година гурмански се насладуваат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто има оваа седмица во Public Room?!
Следна објаваПантолони за секој тип на градба!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР