Како да бидете продуктивни?

Тоа е она што сите го сакаме – во секоја фирма постојат луѓе кои ни се чинат дека во се успеваат и тоа со леснотија и поголема брзина од останатите. На време ги завршуваат работите, никогаш не забораваат на обврските, започнуваат и ги завршуваат проектите – и дури стигнуваат секој ден да одат во теретана. Иако посакуваме да ги мразиме поради тоа, што се толку многу успешни во се – ние сепак сакаме да сме како нив – сакаме да ја откриеме нивната тајна на успехот!

Ова се нивните 7 дневни навики, кои ги имаат само продуктивните луѓе!

Приоритет над приоритетите!

За продуктивните луѓе, не е целта самата задачата, туку нејзината важност. Тие многу добро знаат да ги постројат приоритетите, на начин: кои задачи се најважни и имаат најкраток рок, доаѓаат на врвот на листата. Се друго може да почека. За луѓето кои постојано ги одложуваат своите обврски обично се случува обратно – така да кога имаат некоја многу важна задача, одеднаш пронаоѓаат три други, во тој момент небитни задачи, кои ќе ги исполнат попрво – се само како би го одложиле правиот приоритет.

Тие не само што си даваат цел, туку си даваат и рокови!

Цел без рок, е како рецепт без состојки. Добро е да се направат приоритети, но ако немате зацртано време во рамка, кога морате да ги исполните, нема да бидете толку продуктивни околу нив.

Поставете си граници!

Продуктивните луѓе не инсистираат на перфекционизам и знаат дека понекогаш работите не одат како замислиле – што е сосем во ред. Си поставуваат временски и објективни граници во кои работат и до кои се држат. Ако во меѓувреме налетаат на проблеми и пречки на патот, тоа не ги спречува во нивната продуктивност.

Тие ја контролираат технологијата, а не таа нив!

Продуктивните луѓе знаат дека е контрапродуктивно да се биде роб на технологијата. За нив социјалните мрежи се крадци на времето, тие имаат голема сила со која се спротивставуваат на се, што може да ги одвлече од нивната крајна цел.

Стратешки земаат одмор!

Продуктивните луѓе стратешки и мудро ги земаат кратките одмори од 3-5 минути на секој час и пол. На тој начин не го губат фокусот, а стигнуваат да го одморат мозокот и со полна сила да се вратат на задачите.

Мултитаск – за нив не е опција!

Продуктивните луѓе се фокусираат исклучиво на една работа и не одат на другите, се додека не ја исполнат предходната. На тој начин се чувствуваат моќно и успешно, затоа што чувствуваат задоволство за исполнетата задача.

Спиењето им е ТОП приоритет!

Намален сон е гаранција на лоша продуктивност! Ако спиете помалку од 7 часа дневно – вашите функции се спори, телото уморно, а фокусот намален. Затоа, продуктивните луѓе често го организираат своето време околу спиењето – знаат точно кога е времето за заспивање и кога е времето за будење.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов моден тренд – метални круни со кристали!
Следна објаваКога патиката на Nike станува emoji!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР