Дали некогаш сте поскале да изгледате како член на некое кралско семејство, но, секогаш ви недостасувал оној мал чекор до принецеза? Не грижете се, дизајнерката од Калифорнија Melissa Loschy, ќе ви помогне да го направите тој чекор со помош на рачно изработени метални круни со кристали.
Овие круни на почетокот служеа само како моден додаток за разни снимања, но полека се претворија во фантастични, со висок квалитет, кристални тијари. Melissa со рачна изработка ги украсува своите круни, комбинира различни ткаенини и техники на врзување и на секоја круна и дава доза на автентичност и квалитет.