Неделен хороскоп од 01.1 до 07.1. 2017 година!

Драги наши читатели прочитајте го хороскопот за првата недела во новата година!

ОВЕН

Работа: Делувате многу вешто во најразлични ситуации на работното место, но внимавајте, без поддршка на нечија асистенција нема да успеете во замисленото. Затоа, не ги потценувајте способностите на другите.

Љубов: Нема потреба да ги потиснувате своите емоции пред саканата личност, вашиот партнер секако сака да ви угоди на секој можен начин.

Здравје:Зајакнете го ведриот дух.

БИК

Работа: Дозволете си себе си, да имате соработка во различни бизниси и повеќе соработници, воедно – проширете го  кругот на деловни познаници. Тоа ќе ви биде од корист во следниов период.

Љубов: Не се залажувајте со нереална фантазија, која всушност сами ја создадовте во изминатиот период. Погледнете и на вистината во очи.

Здравје:Подобрете ја концентрацијата.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашата дискреција може да остави погрешен впечаток кај вашите соработници. Бидете по отворени.

Љубов: Најважно во овој период, е да покажете одговорност кон саканата личност и да ги дефинирате своите желби.

Здравје:Усогласете ги своите мисли и чувства. Тоа е најважно нешто во наредниот период.

РАК

Работа: Ќе бидете принудени да се соочите со вистината која може да биде и по малку неповолна по вас. Може да сметате на поддршка од членовите на најблиското семејство.

Љубов: Излегувајте повеќе и дружете се, бидете повеќе помеѓу народ.

Здравје: Ќе се чувствувате заморно.

ЛАВ

Работа: Може да се случи да добите некоја забелешка во врска со вашата работа, но, сето тоа треба да го примите на позитивен начин без навреди.

Љубов: Чувствувате емотивно незадоволство, но, не може секогаш да добите се, нели?!

Здравје:Проблеми со грбот.

ДЕВИЦА

Работа: Работите ви одат одлично во последно време, затоа немојте да се затскривата зад “лажната скромност”.

Љубов: Постапете по својата совест.

Здравје: Поттикнете ги позитивните мисли.

ВАГА

Работа: Средбите кои ќе ги остварите оваа недела ќе имаат практично значење и ќе бидат од голема корист за понатамошниот ваш развој.

Љубов: Поттикнете го позитивното расположени кај партнерот – од вас зависи се.

Здравје: Ќе бидете полни со позитивна енергија.

ШКОРПИЈА

Работа: Со вашите способности, одлично ќе влијаете на вашите соработници и заедно ќе напредувате на работното поле.

Љубов: Внимателно одберете го вашиот емотивен партнер.

Здравје: Избегнувајте ја неумереноста.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Реагирате премногу достоинствено, што може да биде на ваша штета.

Љубов: Партнерот има замерки за вашето однесување. Размислете за своите постапки.

Здравје: Избегнувајте нервозни ситуации.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате потреба да се изразите на свој сопствен начин и може да влезете во конфликт со некој од колегите или соработници. Запомнете, не можете секогаш се да биде по ваше.

Љубов: Бидете самокритични кон себе и реални во однос на саканта личност.

Здравје: Релаксирајте се.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе биде потребно да ги одбраните своите ставови, без разлика на мислењето на вашата околина.

Љубов: Умеете да ја анимирате саканата личност, а со тоа и да добите се што ќе посакате.

Здравје: Добра психо-физичка состојба.

РИБИ

Работа: Употребете ги вашите диполоматски способности, а тие ќе ви бидат потребни повеќе од се, оваа недела.. Ви недостасува добра воља и самодоверба.

Љубов: Немојте да бидете толку строги кон партнерот.

Здравје: Правилна исхрана.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР