Јавна соба и во 2017 за сите генерации

Многу луѓе се прашуваат каква програма може да очекуваме во 2017 во Јавна соба во 2017 со оглед на фактот што во минатата година сведоци бевме на голем бројна работилници за деца, обуки за дизајнери, кулинарски работилници и тематски вечери со врвни кувари од цела Европа кои секако го подигнаа нивото на гастрономија во Скопје, музички перформанси, фестивали, саеми за мали бизниси, па се до бројни ликовни изложби.

Годината започнува со проектот “Show Room” којаe отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена и има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.Како еден по значајните концерти во рамки на оваа програма за почеток на 2017 е токму на 14. јануари настап на познатиот “Милан Петровиќ квартет” од Белград. Во текот на целата година ќе  публиката во Јавна соба ќе слуша високо квалитена музика од земјава и регионот. Следат и бројни настапи на македоснки музички формациипо регионот, со што реципроцитетно ќе се зголемува размената, односно програмата во Јавна соба.

“Вкусот на Скопје” е значајна програма од причина што не само што на еден неформален начин пласира нови гастрономски знаења, туку промовира различни културни вредности преку презентација на најекспониранитесветски кујни: индонезиска, шпанска, италијанска, и успеа да влијае на развојот и подигнувањето на туристичката програма во земјава. Тематските вечери се нешто по што Јавна соба стана препознатлива во регионот. Покрај редовното мени во ресторанот во Јавна соба, се понудија рецепти кои се усвоијастрана на голем број на угостителски објекти од земјава. Фокусот на ваа програма за 2017 е насочен кон кувари од Словенија, Хрватска, Франција и секако од Македонија.

Но Јавна соба не е место каде само се јаде. Домашната и сèпобројната странска публика може да посети во Јавна соба во 2017  детски образовни програми, изложби и курсеви по фотографија, сликарство и работилници за продукт и графички дизајн.

На 7. февруари ќе биде отворенапродажна изложба на производи  од текстил кои ги изработија студентите од Технолочко металуршкиот факултет – отсек дизајн на текстил, за време на Неделата на дизајн 2016. Под менторство на Тамара Георгиевска и Ива Јанковиќ дизајнерите изработија 15 производи во мали серии наменети за секојдневно користење и истите ќе се најдат во продажба во концептуалата продавница во Јавна соба.

На 20 феврури ќе биде промовиран македонскиот дизајн и тоа продукт, моден и графички. Ова е една од изложбите која ќе го претстави  позначајното творештво на поединци, млади брендови и компании од Македонија. Сите одбрани производи ќе бидат дел од патувачката изложба на македонски дизајн за 2017 која ќе гостува на регионалните дизајн фестивали во Белград, Загреб, Плодив, Тирана, Истанбул, Букурешт и финално во Скопје на Неделата на дизајн каде оваа година на големо изнандување на публиката ќе видиме Унгарија како земја во фокус.

Јавна соба е уникатен концепт во градот и регионот кој промовира развој на  претприемачки вештини кај младите, ги стимулира да се развиваат во вистинска насока, преку уникатност и индивидуална препознатливост во пазарна смисла. Паралелно работи на промоција на културата во земјава преку застапување на програми со високи вредности реализирани преку регионална и европска размена. Просторот е целосно отворен за било какви иновативно, образовни и промотивни настани од типот на обуки, семинари, работилници кои се организирани  од страна на поединци или компании.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПантолони за секој тип на градба!
Следна објаваПогача со паричка за среќа и бериќет во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР