Вечерва, за пречекот на Новата година, својот класичен шампањ освежите го со инвентивни дополнителни вкусови. Многу едноставно…

Со тревки

Додате му на пенливиот пијалок рузмарин или жалфија. Вкусниот мирис ќе додаде интересно доживување пиејќи го на полноќ, а изгледот на чашата – како да се наоѓате на најлуксузната забава, било кога до сега!

Додадете брусница

Оваа шарена комбинација со брусница и едноставен сируп од анасон, е интересна и женствена.

Слатко пире….

Класичниот венецијански Bellini бара пире од бела праска, но сите бараме нешто ново за пенливите коктели. Направете попладневен аператив, комбинирајќи еднакви делови на просеко, cava или шампањ, со едноставно свежо пире направено по ваш избор. Прикажаново пире е од малина и праска, апсолутно ќе ја освои секоја забава.

Горки шеќерни коцки…

Коктел од пенливо вино е совршен во комбинација со коцки шеќер од пелин, а да не зборувамее кога розе бојата е во прашање. Ставете една коцка во чашата со шампањ и нека почне одбројувањето.

Со калинка…

Заради воздухот, овие слатко – кисели црвени бобички, ќе плутаат на површината на шампањот, а во устата како прави бомби ќе направат експлозија на вкусови, кои нема да ги заборавите цела година!

На здравје! Среќна Нова 2017 година!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто да се облече и како да се преживее грозницата на новогодишната ноќ?!
Следна објаваЕдноставно и шик декорирање на масата!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР