Во екот на новогодишните и божиќните празници, домот не е единственото место кое доживува трансформација. Хотелите ширум светот, независно од климатската зона, културата и обичаите, подеднакво добиваат свечено празнично руво. По тој повод, секој од нив се труди да ,,преслече’’ ентериерот, но и надворешноста  на што пооригинален, пријатен и комфорен начин. За сите светски патници, како и пасионираните љубителите на патувањата и архитектурата, ви претставуваме селекција на прекрасно украсени хотели долж светските меридијани. Секој од нив има поинаква празнична тема, со изобилство од новогодишни украси и светлечки декорации, кои ја оживуваат магијата на зимата и убавата славеничка атмосфера. Погледнете ги фотографиите и уживајте во празничното расположение!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБохо невестински фустани владеат на социјалните мрежи!
Следна објаваSanta’s Flask – забавно пакување на новогодишните пијалоци!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ