Подгответе се да бидете воодушевени! Празниците се на прагот, а во импресивната куќа која ви ја претставуваме во продолжение, новогодишната и божиќната магија е оживеана на најубав можен начин. Можеби се наоѓа на една од најтаинствените локации во светот, а температурите се исклучително ниски, но мами воздишки со пријатната и топла атмосфера. Според сајтот за недвижности Zillow, вака изгледа домот на омилениот празничен лик – Дедо Мраз, а неговата вредност се проценува на 656,957 американски долари. ,,Santa’s House’’ (,,Куќата на Дедо Мраз’’) е дрвена конструкција со површина од 232 метри квадратни, која датира од 1822 година, а лоцирана е во идиличното зимско опкружување на Северниот пол. Ентериерот е со рустична и бајковита нота, но и прекрасна новогодишна тема, а надвор, пак, снежните пејзажи канат на авантура и несекојдневно зимско доживување. Звучи примамливо, зар не? Погледнете ги фотографиите и одлучете сами.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРибарница и ресторан во едно!
Следна објава5 Готски катедрали кои треба да се видат барем еднаш!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ