Ви претставуваме 5 модни трендови кои со љубов ќе ги пренесеме и во следната година:

Винтиџ маички од музичките бендови…

Се сеќавате ли на оние памучни маички во кои спиевте во студентските денови? Е па тие маички, се повторно популарни! И сега, cool девојките ги носат со блејзер и пантолони.

Везени детали (на се)…

Везените детали во 2016 година, дојдоа во софистицирано издание. На блезејри, фармерки, капути и практично на секое елегантно парче кое можете да го замислите. Овој тренд нема така брзо да исчезне и искрено – нам ни се доаѓа.

Чизми над колена…

Никако не се нови, но овој модел на чизми сигурно ќе го гледаме следната година. Нашиот најдраг начин како да ги носиме? Под миди фустани и здолништа кои го покривааат врвот на чизмите.

“STATEMENT” Ремен

Најголемиот тренд во светот на модните додатоци во 2016 година, дефинитивно не изненади. Благодарејќи на дизајнерот на Gucci – Alessandro Michele, секоја sвезда, модел, блогерка и street-style икона, видена е со овој модел на ремен.

Едноставен накит…

Минималистички златни и сребрени нараквици се наоѓаат во сечија колекција на накит оваа година. Овие шик парчиња се апсолутно безвременски и совршено одговараат на секој изглед, кој го имате на ум.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPeter Kogler со најнови психоделични инсталации!
Следна објаваРибарница и ресторан во едно!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР