Зимата е идеално време за топол напиток во удобна домашна атмосфера. Топлото чоколадо никогаш не е здодевно, има толку многу различни и интересни рецепти за подготовка. Ние за денес одбравме да ви претставиме како да си направите неодоливо топло чоколадо со вкус на карамела.

Ова се потребните состојки за две шолји:

  • 500 ml млеко
  • 2 лажици какао
  • 150 gr црно чоколадо
  • 1 стапче цимет
  • 150 ml слатка павлака
  • виски (по желба)

За карамелата:

  • 35 gr шеќер
  • 25 ml слатка павлака
  • 1 лажица путер

За подготовка на карамелата, во сад ставете го шеќерот да се топи на висока температура. Откако ќе се стопи, намалете ја температурата и оставете шеќерот да поприми кафеава боја. Тргнете го садот од оган и додајте ги слатката павлака и путерот, па вратете го садот кратко на оган, а потоа оставете да се олади.

Изматете 150 ml слатка павлака за да се добие шлаг. Во сад ставете ги млекото и какаото, убаво измешајте, па додајте го чоколадото искршено на коцки и стапчето цимет. Нека се готви на тивок оган додека да се растопи чоколадото. Извадете го стапчето цимет, ставете од топлото чоколадо во шолја, додајте ја изматената слатка павлака и карамелата и украсете по ваша желба и уживајте во убаво поминатото време.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевни празници 2016
Следна објаваШто нуди последната седмица од оваа година во Public Room?!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР