На 25 декември (недела) со почеток во 20 часот во арт-кафето „Концепт 37″ брендот „PArt accent” за првпат ќе се претстави со своите уникатни рачно работени дизајни наменети за домот. На оваа предновогодишна промотивна изложба дизајнерскиот тим со секое парче раскажува единствена приказна која се води од една единствена мисла, а тоа е грижата за секој детал, кој го прави производот посебен и уникатен.

PArt accent оддалечува од конвенционалните и типични парчиња мебел и внесува во светот на дизајнот со необичните и уникатни рачно работени дизајнерски парчиња од кои ќе застанува здивот.
Тие се релативно нов отворен продажен простор со уникатни и рачно изработени парчиња мебел, а во својата палета имаат маси,софи,фотељи, ламби, закачалки итн. Уникатните дизајнерски парчиња се произведени од природни материјали – масивно дрво, челик, месинг,стакло.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Празнични свеќници
Следна објава12 елегантни новогодишно декорирани дневни соби!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ