Празнична магија во ТРИ 

zimski-festival-na-knigata

Од 20ти декември, ТРИ повторно го стартува Зимскиот фестивал на книгата, веќе 10та година по ред. Како што порачуваат од ТРИ, мотивот оваа година кружи околу
магијата на читањето – магија што се крие во книгите што ги објавуваат, меѓу нивните страници, ликови и места што нè носат на незаборавни патувања. Магија во која самите уживаат и која со радост нѝ ја пренесуваат. Нивниот каталог е веќе достапен за разгледување, како и нивните книжарници во ГТЦ и Дебар маало. Читај и пренеси ја магијата на другите, нè мотивираат од ТРИ!

Каде за Нова година, прашуваат од Антолог

Убави вести и пакети кои ќе не’ држат будни до средината на јануари! Концептот на овогодинешниот книжевна програма на Антолог е креативен одговор на клише-прашањето, „каде за Нова година?“ – метафоричен начин на читателите да им се понудат неколку атрактивни „локации“, т.е. пакети со книги што може да им ги подарат на своите драги луѓе и на тој начин да им ги доближат Бразил, Италија, Канада, Русија и други земји на најубавиот начин: преку книгата.

Дедо Мраз ја посети Литература.мк

Наједноставно замислено, најсуштински погодено: Дедо Мраз помина во Литература.мк на ул. Македонија и остави книжевни подароци за сите вљубеници во книгата. Поминете, ѕирнете ќе има нешто и за Вас – порачуваат од Литература.мк, најмладата книжарница сместена на ул. Македонија.

Совршениот подарок доаѓа од Полица

Второто прашање кое не’ измачува во текот на празничната сезона е како да го избереме совршениот подарок? Од Полица нѝ нудат едноставни решенија: за неа, модерен прирачник за животен стил (Како да бидеш парижанка каде и да си), за него, биографска сторија (Турнејата на готвачот) и за најмилите, корисна и забавна книга (Урнебесна физика). Нивните изданија се достапни преку КупиКнига.мк, како и во сите поголеми книжарници низ Македонија.

Или-или повторно со книжевен огномет

Како што известуваат од Или-или, за нив оваа „издавачки фантастична 2016 година ја заокружуваме како што треба, со веќе традиционалниот Новогодишен книжевен огномет“ – на следниот линк може да ги ѕирните сите нивни попусти и да го одберете најсоодветниот порадок оваа година.

Зошто е добро да подариш книга, советува Матица

 Како и секоја година, Булеварот на книгите е отворен за сите свои посетители: со широка понуда и промоција на млади македонски автори, клуб Матица повторно ги снижува цените и ги кани читателите да подарат книга, да подарат љубов. Односно, како што самите велат – КНИГАТА ќе остане на полиците од домашната библиотека. Утре, кога ќе останат нашите деца и внуци, ќе знаат кој и по кој повод некој некому со многу љубов и почит ПОДАРИЛ книга.

Мал новогодишен саем на книгата

Темплум, Бегемот, Готен, Блесок, Слово, Кликер, Сигма прес со здружени сили не’ канат во Гем клуб од 26-29 декември 2016! Со примат на издавачката куќа Темплум како организатор, по седми пат може да се пофали со мал новогодишен саем на книгата. Како повод за книжевно дружење, ѕирнете ја нивната програма и упатете се на добар разговор и одлична понуда. Саемот ќе биде активен од 11-21 часот (додека на 27.12 (вторник) саемот ќе работи од 11-17 часот).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРадоста на читањето низ светот
Следна објаваЗимски рецепт | Топло чоколадо со карамела
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР