1Големата природна или вештачка елка, украсените новогодишни венци и црвено-зелената комбинација на бои се декорот кој традиционално се врзува за одбележувањето на престојните празници. Сепак, постојат многу други алтернативни начини за да го внесете празничниот дух во својот дом, кои се подеднакво убави и свечени, а сепак инвентивни и посебни. Дел од нив се и мошне лесни за подготовка, а материјалите и инспирацијата можете да ги пронајдете насекаде околу себе. За таа намена, ви претставуваме низа креативни примери и инспиративни предлози за уредување на домот во пресрет на новогодишните и божиќните празници – секој од нив зрачи со среќа, оптимизам и љубов за испраќање на старата, и дочек на новата година во домот. За поинакви стилски теми, погледнете ги и првиот делвториот дел и третиот дел од серијата објави посветени на идеи за празнично украсување на домот.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 12a 13 14 15 16 17 18 19 20 21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни и совршено дизајнирани камини!
Следна објаваЏејн Фонда за Vogue во 1979тата: Фитнес совети кои важат и денес!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ