“Стадо” е смешна сатирична комедија за животот зад камерата.

stado_img1_bigЧесто повеќето драми им претходат на филмските или ТВ-драмите кои ги гледаме. Неизлечиви ентузијасти, слепи за објективните околности, ја ставаат на коцка својата егзистенција и сакаат да направат големо уметничко дело.

stado_img2_big stado_img3_bigОва е приказна која може да биде кажана на многу јазици и во многу земји, па дури и во различно време. До сјај и гламур на црвениот тепих на гала премиерата не се доаѓа преку рози, туку компромиси, борба, дури и пакт со ѓаволот, ако е потребно.

stado_img4_big,,Стадо’’ е базиран на вистинска приказна која баш во овие моменти се одвива околу некој сличен проект, и ќе се одвива се додека постојат уметници, и се разбира, држава каде тие уметници егзистираат.

stado_img6_big stado_img7_bigОва е прво режисерско дело на Никола Којо, кој ја игра и главната улога, а четворката талентирани и искусни актери ја сочинуваат уште и Зоран ЦвијановиќВесна Тривалиќ и Наташа Нинковиќ. За својот деби филм, Којо ќе рече: “Стадо е метафора за нас глумците, па и за народот и за начинот на кој пропаѓаме морално и понекогаш не се браниме од препреките во животот“ .

stado_img5_bigПремиерното прикажување на „Стадо“ пред македонската публика бешe на 01.12.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 здрави намирници кои треба да ги јадете секој ден!
Следна објаваVIP зимска роаминг промоција
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ