Омилените парфеми на холивудските диви

10

Парфемот се смета дека ја изразува индивидуалноста и многумина поврзуваат одредена личност со парфемот кој најчесто го носи. Некои сметаат дека е банално да се карактеризираат луѓето на овој начин, но ќе се согласите дека изборот на парфем сепак кажува многу за навиките и карактерот на човекот. Големите холивудски диви и ден денес се инспирација во уметноста, но малкумина знаат кои парфеми им биле омилени на легендарните актерки од тоа време. Ние одбравме неколку.

Рита Хејворт, Guerlain Shalimar

1

Култниот мирис е создаден во 1925 година и се карактеризира како моќен и впечатлив, мирис за сите генерации. И ден денес го има истиот статус, па не е ни чудо што Рита го обожувала.

Одри Хепберн, Givenchy L’Interdit

2

Познатата модна икона Одри Хепберн уживала во мирисните ноти на Givenchy L’Interdit од 1957 година. Создаден е токму за неа, а подоцна почнал и со комерцијална продажба. Парфемот е комбинација од цветни и зачински ароми, со доминантна нота на јасмин.

Грејс Кели, Creed Fleurissimo

3

Според некои написи, принцезата Грејс Кели го носела овој парфем на денот на кралската свадба. Creed е култна парфимерија која работи со денеции, а Fleurissimo е нивна интерпретација на ирис и темјанушка.

Лорен Бакал, Diptyque L’Ombre Dans L’Eau

4

Прекрасната холивудска актерка Лорен Бакал најчесто го користела L’Ombre Dans L’Eau, парфем од луксузниот париски бренд Diptyque. Мешавината на листови од црна рибизла и бугарска роза е идеална комбинација на мирисни ноти.

Мерилин Монро, Floris Rose Geranium

5

Мерилин Монро- една од најпознатите жени во светот и вистинска икона на своето време. Иако често ја поврзуваме со Chanel no. 5, актерката го обожувала и Floris Rose Geranium кој денес веќе не се произведува. Преовладува мирис на роза, гераниум и сандалово дрво.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите божиќни пазари во Европа
Следна објаваPinterest најави 10 трендови за 2017 година!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ