Најевтини разговори од странство кон дома и 50% пониска цена за интернет комуникација

Во пресрет на новогодишните празници и зимските одмори Вип воведува нова роамингпромоција со која на своите корисници им овозможува најевтини разговори од странство кон дома и слободна интернет комуникација, со дури 50% намалена цена за роаминг интернет пакети.

one-vip-kje-bide-imeto-na-noviot-mobilen-operator-215815

Со оваа најнова промоција сите корисници на Вип, за само 9,9 денари за минута можат да се јават од странство кон сите мрежи во Македонија и да раскажат за своите зимски доживувања.

Се што требa да направат корисниците е да го впишат *123* пред секој повик во следниот формат *123*389XХХХХХХХ# каде што ХХ е бројот кој сакаат да го повикаат. По ова корисниците добиваат повик и поврзување со бараниот број.

Понудата е автоматски достапна за сите Вип Припејд и Вип Постпејд корисници без дополнителни трошоци за активација. Листата на земји од кoja Вип корисниците можат да се јават и да зборуваат најевтино од странство со цела Македонија е достапна на www.vip.mk.

Дополнително, Вип воведува промоција со која сите Вип Постпејд корисници своите зимски доживувања можат да ги споделат и онлајн при патувања низ Европа по двојно пониска цена за интернет пакети. Доколку изберат еден од Vip Roam Surf пакетите за месечна претплата од 199.5 денари за 20MB или 349.5 денари за 50MB односно за 200MB и 500MB во земјите каде се достапни операторите на Телеком Австрија Групацијата: A1 Телеком во Австрија, M-tel во Бугарија, Vip mobile во Србија, Si.Mobil  во Словенија, Vipnet во Хрватска, Telecom во Лихтенштајн и Velcom во Белорусија.

Понудата важи ограничен период. Повеќе информации можете да добиете и со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Стадо
Следна објава“Puma Basket”, апсолутен императив за 2017
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ