Неделен хороскоп од 12.12. – 18.12.2016 година!

horoskop-1ОВЕН

Работа – Големите деловни очекувања, создаваат голема нетрпеливост и затегнати односи на работното поле. Спуштете ја топката, затоа што на тој начин нема да го постигнете тоа што го планиравте.

Љубов – Во љубовта одлично ви оди оваа недела. Вие најдовте личност со која можете да разговарате, за се што ве мачи.

Здравје – Оваа недела добро се чувствувате.

БИК

Работа – Можни се промени на подобро. Ви следи преместување на друго работното место или добивање на нова работа преку пријатели.

Љубов – Бидете трпеливи, сите исполнувања се можни, но не на брзина. До значајно познанство би можело да дојде преку пријатели и тоа од тие, кои се многу успешни.

Здравје – Свртете се кон спортот и рекреација.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Оваа недела ќе ви биде многу успешна. Добри односи со соработниците, а и самите станувате поинтересни – заради сето тоа што моментално ви се случува.

Љубов – Личностите кои подолго време се осамени, а се уште мислат на старата љубов, би можеле да доживеат љубовен препород.

Здравје – Ве прати добро расположение, полни сте со позитивна енергија.

РАК

Работа – Влегувате во поволен период, ги избегнавте кавгите и расправиите на работа. Но, внимавајте на своето однесување.

Љубов – Партнерот е во многу работи поразличен од вас, што ве доведува во дилема – како понатаму? Нека одлучи вашето срце.

Здравје – Добро се чувствувате, подобро од минатата недела.

ЛАВ

Равота – Деловниот успех што ве избегна во минатиот период, сега би можел да се исполни. Верувајте во себе.

Љубов – Љубовта е пред вас, превземете нешто. Нешто тајно се случува. Личноста која ја запознавте минатиот месец, а ви се допадна на прв поглед, повторно ќе ја сретнете.

Здравје – Мали болки во грбот.

ДЕВИЦА

Работа – Вам не ви е тешко за големиот број на проблемите, да најдете брзи и адекватни решенија. Одлична подршка добивате од колегите.

Љубов – Помлада личност која е во ваша близина, соседство.. и понатаму се обидува да ве заведе, но вие сте недопирливи.

Здравје – Се чувствувате заморно и исцрпено.

ВАГА

Работа – Доколку успеете да го елиминирате секој бес кој го носите во себе, порационално ќе размислувате и ќе бидете попрактични за себе.

Љубов – Ништо не очекувајте на брзина. Сега почнуваат дружењата и честите средби, па така кон крајот на оваа или во текот на идната недела, би можело да дојде до поблизок контакт со вашата симпатија.

Здравје – Движете се повеќе.

ШКОРПИЈА

Работа – Вашата способност на прилагодување во дадената ситуација, ве води кон подобрување на финансиите. Ако ништо не ви паѓа тешко да сработите, сметајте дека одите кон повисока позиција и стабилизација.

Љубов – На јавен настан, би можело да го запознаете идниот партнер кој е од огнените знаци: Овен, Лав или Стрелец.

Здравје – Намалете со оброците.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Неодлучноста потполно ве напушта, со време јасно видовте што и каде ве води. Спремни сте и на компромиси, за тоа што ви е битно.

Љубов – Личностите кои се во тајна врска, а не се во брак, ќе запознаат нова личност која во многу работи ќе им одговара. Што е најважно, врската ќе биде јавна.

Здравје – Исфрлете ги токсините од организмот.

ЈАРЕЦ

Работа – Се што ви доаѓа од минатото, позитивно ќе влијае на вашата кариера. Тоа би можело да бидат средби со стари колеги, пријатели па дури и комшии.

Љубов- Ако се уште не сте влегле во врска, прифатете ја поканата која ве очекува оваа недела.

Здравје – Консумирајте повеќе течности.

ВОДОЛИЈА

Работа – Припремите кои ги направивте во минатите 2 месеци, сега ги доведовте до крајот. Потполно сте спремни да започнете со реализација на деловниот проект.

Љубов – Каде и да се појавите, оставате впечаток. Сето тоа на вас позитивно влијае, а вие сте расположени само за една конкретна личност.

Здравје – Подобро се чувствувате оваа недела.

РИБИ

Работа – Се е во фаза на припреми – дури сега следува продолжение на приказната. Се наоѓате во успешен период, кој многу ветува.

Љубов – Брзи, силни емоции, ќе разбуди во вас некоја нова личност од вашиот круг – следниот викенд.

Здравје – Можна несоница.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 класици вредни за вашето внимание и зошто треба да ги прочитате
Следна објаваШармантен и светол стан во Стокхолм!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР