7 класици вредни за вашето внимание и зошто треба да ги прочитате

476a6f4cf1d742e32358abdc4c35a68bЗа еден спој од буквички, интерпункција и душа да стане класик тогаш треба да го помине тестот на времето. Критиките ќе се менуваат исто како и критичарите, но ако пошироката публика и после 50 години може да ја земе книгата и во еден здив да ја прочита, тогаш зборуваме за вистински класик.

Со тоа кажано, ви ги претставуваме класиците и зошто тие се вредни за вашето внимание?

1. Оливер Твист – Чарлс Дикенс: Затоа што викторијанскиот Лондон умеел да биде хорор за една кревка детска душа, затоа што и после толку години, Чарлс мами морници со ова дело.

2. Сликата на Доријан Греј – Оскар Вајлд: Затоа што да ја изгубиш надворешната убавина е страшно, но да ја продадеш својата душа е уште пострашно, затоа што оваа драма ви нуди спектар од разработени теми.

3. Хајди – Јохана Шпири: Затоа што изолираниот живот на планина е убав и полн, затоа што едно мало девојче успева да го трансформира својот чичко и затоа што тоа е само почетокот на една приказна од студените Алпи која ќе ви го стопли срцето.

4. Малата принцеза –  Frances Hodgson Burnett: Затоа што малата Сара е женски херој кој ќе ве натера да верувате во алтруизам и филантропија; затоа што книгите кои ќе ги гушнат вашите души се безвремени класици.

5. „Пиреј“ и „Дениција“ – Петре М. Андреевски: Затоа што љубовта е најсилното чувство на светот, каков и да е тој свет, затоа што ниедна литература не може да биде посилна и поразнежнувачка од онаа која во себе ја носи суштината на вечното и наше.

6. Страданијата на младиот Вертер – Гете: Затоа што кој би ни ја доближил љубовта и најскриената интима на љубовните страданија поубаво отколку безнадежен романтичар?

7. Шагринска кожа – Оноре де Балзак: Затоа што ако сакате раскошно вивидни описи и интригантни заплети со неоспориво добра тематика, Балзак е писателот за вас.

Од длабокото море што е литературата никогаш не можеш со едно нурнување да го извадиш најубавото каменче, затоа што секое е неделив дел од магијата која тлее во внатрешноста на брановитите корици. Па доколку не сме го наброиле вашето скапоцено каменче литература, споделете го со нас во коментарите.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР