1Празниците се ближат, а со нив и специјалните колекции наменети за церемонијалните и свечени прилики. Елегантни костуми за кавалерите, а префинети фустани за дамите, се најновите модели кои модната куќа Hugo Boss им ги понуди на своите купувачи – за беспрекорен и непогрешлив изглед во текот на престојните новогодишни и божиќни прослави.

Совршените класични кроеви и малиот црн фустан кој никогаш не излегува од мода остануваат заштитен знак на овој бренд, а Clément Chabernaud и Frederikke Sofie се главните актери во најновата празнична кампања. Погледнете го и промотивното видео коe премиерно беше претставено за таа намена.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМеталик патиките го освојуваат интернетот!
Следна објаваНадреални илустрации | Tang Yau Hoong
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ