1Темносината боја доаѓа во прв план во текот на празничната сезона, а понудата на модните куќи одново е збогатена со одлични фустани за овогодинешните прослави. Во каталозите на познатите брендови за улична мода ќе пронајдете опуштени парчиња за денските пригоди, но и свечени, кои со децентен накит можете да ги облечете за формалните прилики за време на новогодишните и божиќните празници. Од галеријата во продолжение, погледнете кои се најубавите фустани во темносина боја кои се издвојуваат од богатата понуда на Mohito, H&M, Zara, Mango и Topshop.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен и минималистички стан во Виена!
Следна објаваПеперутка-машни какви до сега немаме видено!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ