Оваа година за првпат во шестгодишното постоење на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) воведени се награди за дизајн. Наградите се доделуваат во три категории, и тоа: најдобар студенски производ/прототип, најдобар млад бренд во подем и награда за најдобра презентација на компанија.

Првонаградени на Skopje Design Week оваа година се:

Награда за најдобар студентски дизајн –  дизајн на прототип

Данијела Савиќ – студент на Факултет за арт и дизајн, Европски Универзитет на РМ

Награда за најдобар млад бренд – бренд во подем

“ФОРМИ”

dsc_5935-copy

Награда за најдобра  презентација на компанија учесник на Skopje Design Week

“SECURICOM”

dsc_5939-copy

Четиричленото жири составено од Зоран Једрејчиќ, Александар Велиновски, Нина Бачун и Маја Колар ги изгласа добитниците на наградите за дизајн за 2016 година, кои иако не се присутни во полн состав на доделувањето во 19:00ч во „Јавна соба“, порачуваат дека македонскиот дизајн со сигурност движи во нагорна линија и дека фестивалот Skopje Design Week ја исполнува својата задача на артикулатор и стимулатор на дизајн-сцената во земјата и регионот.

dsc_5943-copy

Наградите се официјално признание за вложениот труд, енергија и голема мудрост во своите производи и презентации. Компаниите и поединците кои се наградени оваа година се вистински пример за деловниот и дизајн-секторот, за тоа што е дизајн и како истиот се презентира пред пошироката јавност. –  изјави Зоран Једрејчиќ

Шестото издание на Неделата на дизајн во Скопје со доделувањето на наградите е официјално затворено. Ќе биде запаметено по досега најдобрите презентации, најсилната изложба на Земја во фокус (оваа година Австрија), добро таргетирани предавања, работилници за професионалци, и незаборавната музичка програма. Пораката на организаторите е дека до следното издание, кое ќе се одржи на 21 до 25 ноември 2017 година, ќе следат организирани презентации на македонскиот дизајн во 7 европски метрополи, серија работилници за дизајн на производ и дизајн на храна и ред изложби на млади дизајнери и компании.

За сите детали и информации, контактирајте не на: 072 775 455 или snezana.gievska@gmail.com

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов тренд: Нокти како скршено стакло
Следна објаваСело на милионери
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР