Објавена е фото-приказната за колекцијата „Жар птица“ за есен/зима ’16/’17 на модната дизајнерка Ирина Тошева.

1Инспирацијата за колекцијата е жар-птицата која живее во светот на приказните од словенскиот фолклор што дизајнерката ги проучуваше како дел од нејзиниот креативен процес. Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е и благослов и носител на несреќа на оној кој ќе ја фател. Нејзината потрага е пресликана во новата колекција, а фото приказната ни покажува дека таа живее на нашите покриви. „Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета.“ – изјави Тошева.

2Во фото сесијата жар птиците се сместени на скопските покриви. Слободни се и одмараат од нивното бегство. Вака креативниот тим го објасни својот продукт за време на вчерашната промоција во Wonderlust. Фото приказната ја изработи познатиот македонски фотограф Миладин Паповиќ. Шминката инспирирана од различните видови птици е на Виктор Мирчевски, а фризурата на Дарко Петковски. Модели се Ангелина Блажевска, Бојана Нушкова и Ивана Васовска. Графичкиот дизајн е на Игор Делов.

3

Колекцијата беше премиерно претставена на Моден викенд Скопје. Тоа беше 10-та ревија по ред на Тошева на овој настан и затоа „Жар птица“ претставува резиме на различни елементи од нејзините досегашни дизајни и симболично е составена од 10 женски изгледи изработени од 100% памук, памучно платно и кепер. Колекцијата е одлично надополнета со чорапи од La Dama и чевли од Chantel.

4Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева, во „Wonderlust“ на ул. Македонија и наскоро на irinatosheva.com.

5 6 7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBlooming makers во вистинско светло на Skopje Design Week 2016
Следна објаваНови гумени патики за дожд – Startas.!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ