009

Сте ги погледнале ли децата кога си играат? Тие се креативни, активни и среќни. Впиваат се’ што ќе слушнат, видат, мириснат или допрат. Толку се невини и лесно простуваат. За нив најлесна работа на светот е да ги сакаат луѓето и да им веруваат. Полни се со забава, хумор и постојано ѕвонливо се смеат. Тие се извор и испирација за возрасните. Само кога би можеле за миг да заборавиме на секојдневните обврски и проблеми, и да се сетиме на миговите кога и ние бевме деца….

child-laughing

1. Децата се добри продавачи.

Ако нешто сакаат, ќе бидат упорни во намерата, се’ додека не го добијат тоа нешто. Ако видат некоја играчка, со денови ќе ви кажуваат причини зошто мора да ја имаат, и нормално дека на крајот ќе попуштите. Тие не прават компромиси. Го добиваат токму она што го сакаат!

9

2. Децата се искрени.

Сте забележале ли некогаш, како некое дете љубопитно ве набљудува со своите крупни очи? Па, и кога ќе му го возвратите погледот, тоа не се повлекува, туку продолжува да ве гледа во очите. Тоа е бидејќи тие се искрени. Зад тој поглед нема ништо нечесно, нема ништо лошо. Или, пак, ако нешто не му се допаѓа, тоа и ќе ви каже, онака наивно и слатко како тие знаат да зборуваат за се’.

3. Децата се бестрашни!

Тие одат на врвот на ридот со својот скејтборд и се спуштаат. Никогаш не мислат дека нешто лошо може да им се случи. Тие ги прават работите спонтано, за кои ние како возрасни, однапред премногу размислуваме.

4

4. Децата се’ прават на свој начин.

Измислуваат игри, менуваат правила, прифаќаат предизвик. Играта е начин на кој децата учат. Низ игра градат вештини за решавање на проблемите, размислуваат и формираат ставови. Низ игра тие го спознаваат светот и животот.

Happy_Children

5. Децата се отворени за сите нови работи.

Ако како возрасни мислиме дека ќе биде тешко да научиме друг јазик, децата тоа ќе го сторат без проблем. Тие не се оптоваруваат дали е тоа возможно или не, тие еднoставно почнуваат да учат…

5

6. Децата знаат да мечтаат.

Тие сакаат да слушаат и раскажуваат приказни, а потоа да фантазираат. Замислуваат како еден ден ќе бидат познати доктори, професори, астронаути, спортисти, принцови и принцези, и цврсто веруваат дека тоа ќе се случи!

1

 Зар не е прекрасно да си дете? Да не го пуштиме никогаш детето во нас да си замине!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПремногу блиску | Anup Shah
Следна објаваChiave di volta | Модерна пресек-библиотека
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР