Повторно по 4 години Скопје Постер Фестивал, пред многубројната публика ги претстави победниците на овогодинешното девето издание во просторите на Музеј на Град Скопје.

„„Криза на идентитет“ е темата на овогодинешниот конкурс, која сметавме дека е актуелна во целиот свет, тоа го покажа и бројката од 33 % зголемување на пристигнати дела во однос на минатите години, како и разноликоста на учесниците. Делата од сите континенти се доказ за големиот интерес за темата и овој вид на уметност„ рече Гере Трипков, организатор на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт“.

img_20161121_212455

Жири комисијата составена од пет меѓународни судии Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) по четри часовно жирирање ги додели 10те награди:две главни награди од ист ранг, 2 специјални награди и 6 почесни награди.

Претседателот на комисијата Тони Васиќ пред присутните ги претстави добитницина награди од ист ранг:Мигуел Ангел Рангел, Универзитет во Сан Луис Потоси од Мексико и Река Немеди Варга од Метрополитен Универзитет – Будимпешта,Унгарија.

Двете специјални наградиод жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу, Ксиамен Универзитет, Тан Ках Ки Колеџ, Кина и Дикле Јилдирим, Докуз Универзитет, Турција.

Додека пак, почесни признанијадобија кајЈуниј / Зежун Шан / Уанг, Мериленд Институт – Колеџ за уметност од САД, Кајли Димик, Пратт Школа за дизајн од САД, Лазар Митровиќ, Факултет за филологија и уметност од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо, Школо за убави уметности и дизајн од Португалија,       НиколаМарфи, Универзитет од Болтон, Обединето Кралство и Карол Шчепанкиевич, Универзитет Никола Коперник од Полска.

skopje-poster-festival-3

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и работилници од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат по светските музеи, на теми  „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“ и „Дизајнирање постер за џез настан“ се наменети за сите студенти и професионалци дизајнери.

skopje-poster-festival-4

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 30ти Ноември.Повеќе информации за 9-тиот Скопје Постер фестивал на официјалната веб страна http://skopjeposter.com/mk/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбави зидни лампи кои ги сакаме веднаш во домот!
Следна објаваЛебед како инспирација за кутлача (црпкалка)!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ