nudefreshmainimage-27-size-3

Во последно време изборот на производи за нега на лице е толку голем и разновиден, што тешко дека некој во целост разбира што точно значат сите ознаки на сите тие производи- крем, корективен крем, подлога, пудра итн. Денешната лекција за убавина е посветена токму на тоа, ознаките BB, CC, DD и EE на кремите за лице. Во продолжение дознајте што значат и како се користат.

10

BB крем

BB кремот (анг. Blemish Balm) е изум на германски дерматолог како средство за лекување на кожата по козметички третман. Формулата е усовршена во Кореја, кадешто е зголемен бројот на состојки против стареење. Кремот главно елиминира пигментациски промени, се користи како подлога за шминка, но и самостојно. Ја штити, храни и регенерира кожата.

11

CC крем

По успехот на BB кремот, претставен е и CC крем (анг. Complete Corrections Cream). Главни придобивки се коригирање на тенот, влажност на кожата и заштита од штетните влијанија во околината, а делува и против дисколорација.

12

DD крем

DD (анг. Daily Defense) настанал како комбинација на добрите состојки од BB и CC кремовите, со уште поголем ефект против стареење на кожата. Ја намалува појавата на брчки и пружа свеж и изедначен тен. Се користи како подлога, а може и самостојно.

20

EE крем

Првично претставен од Este Lauder, EE кремот е најнапреден од сите досега. Ја штити кожата од UV зрачење и други штетни влијанија, го намалува црвенилото и го изедначува тенот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛебед како инспирација за кутлача (црпкалка)!
Следна објаваНа Скопје му се случува Skopje Design Week по шести пат
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР