4 митови за храна во кои мора да престанете да верувате!

4 митови за храна во кои мора да престанете да верувате!

yogurt-1442034-1280-1

Секојдневно читаме што е добро, а што не за нас и нашето тело, но многу од тие совети всушност се неточни – денес ви ги прикажуваме овие 4 митови кои мора да се разјаснат….

Кафето е лошо за вас

Кафето кое се консумира во умерени количини, всушност може да има здравствени бенефиции за вас. Кафето го намалува ризикот од од рак на усната внатрешност и ждрелото, мозочен удар кај жените, може да го продолжи животот, го подобрува помнењето, го намалува ризикот од болест на срцето и рак на дојката – само кога го пиеме во умерени количини.

Диеталните безалкохолни пијалоци се подобри од обичните безалкохолните пијалоци

Секако, диеталните алтернативи се подобри од редовните безалкохолни пијалоци, кога е во прашање поголемата количина на шеќер и калории, но тоа што тие го нудат во замена, може да биде подеднакво штетно. Диеталните безалкохолни пијалоци се полни со вештачки засладувачи, кои се поврзани и со настанување на ракот.  Ако навистина сакате да бидете здрави, престанате потполно да ги пиете. Доколку сакате газирано, консумирајте минерална вода!

Во јогуртите има многу шеќер

Иако јогуртот се смета за здрав, плус со додатокот на пробиотик, јогуртот може да биде добар и лош кога е во прашање вашето здравје. Јогуртот со додаток на вкусови, може да содржи неверојатно многу шеќер, доколку не ги читате внимателно декларациите. Доколку ги сакате предностите на јогуртот, пијте го само обичниот, незасладен, природен. Се уште ќе има шеќер внатре, но минимално во споредба со другите. Додадете му овошје, цимет или мед – и ќе го добиете саканиот, овошен јогурт.

glass-1379822-1280

Млекото е лошо за вас

Расправиите околу млекото се константни и се чини дека секој има свое мислење. Млечните производи можат да бидат богат извор на калциум, протеини, витамин Б12 и други витамини и хранливи состојки. Проблемот е во тоа што многумина не ги поднесуваат добро млечните производи – единствено тоа се негативните работи во врска со млекото. Бадемовото млеко може да биде здрава алтернатива, посебно ако е збогатено со калциум.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСини кујни
Следна објаваНедела на дизајн во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР