orva-astxagushak-2016-1-752x440
ОВЕН

Работа – Во следниов период, ќе бидете во ситуација да се договарате за нова работа со некој кој е склон на ризици и спремен е со вас да тргне во нов бизнис. Финансиската состојба се подобрува.

Љубов – Не размислувајте премногу, заклучокот би можел да биде на ваша штета, сем доколку сте во врска со Шкорпија или Јарец.

Здравје – Сменете го режимот на исхрана.

БИК

Работа – Се чувствувате добро во друштво со некој, кој ги потикнува вашите амбиции и кој се труди да ви даде до знаење дека ќе застане зад вас, со било каков проблем да се соочувате.

Љубов – Не двоумете се кога е во прашање средба, со некој кој долго време ви е опсесија. Но, доколку сте во постојана врска или брак, а и понатаму фантазирате за друга личност – прво расчистете со себе, што сакате од својот живот.

Здравје – Бидете внимателни во сообраќајот.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Многу се задржуваат само на фантазирањето, за нешто што би можеле да бидат или што можеле да направат. Подобро би било да сте пореални во тоа што го планирате, посебно, кога станува збор за приватен бизнис.

Љубов – Ќе бидете оптеретени само со своите планови и желби, не согледувајќи ги желбите на својот партнер.

Здравје – Намалете со алкохолот.

РАК

Работа – Оваа недела ви носи можност, да преку соработка со странци, извлечете максимум од една помалку неизвесна ситуација.

Љубов – Спремни сте да се видите со личноста која долго време не сте имале прилика да ја сретнете, а многу ви се допаѓа. Доколку сте слободни, ќе запознаете некој кој се занимава со приватен бизнис, можеби работи во некое странско претставништво или пак, често патува во странство и ќе посака да влезе во врска со вас.

Здравје – Бидете внимателни на улица.

ЛАВ

Работа – Новите деловни понуди ќе ги прифатите со воодушевување и вашиот знак е еден од тие, кој има најмногу шанси да напредува во кариерата и да доживее позитивна трансформација.

Љубов – Ќе успеете да направите многу од тоа што е во ваш интерес. Најверојатно, така ќе го организирате и својот живот, првенствено вие да бидете задоволни.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Доколку сте економист, отворете четири очи кога станува збор за некоја документација, зошто нешто важно, оваа недела може да ви “избега”.

Љубов – Без разлика на статусот, во овој период ќе се чувствувате прилично осамено. Сем тоа, имате силна потреба да го осмислите својот приватен живот така, да можете да најдете доволно време, да се гледате со тие кои ги сакате.

Здравје – Можна повреда во домот.

ВАГА

Работа – Верувате дека треба да постапите така, како другите ве советуваат – дури и тогаш кога чувствувате дека тоа решение не е најмудрото за вас.

Љубов – Доколку немате тајна љубов, веројатно сте оптеретени со размилувања околу нешто, што се однесува за вашата поранешна врска, за се тоа што не сте успеале да направите. Не се обидувајте да ја поправите ситуацијата, доколку немате никаков знак од другата страна, дека е заинтересирана за вас.

Здравје – Внимавајте на повреди.

ШКОРПИЈА

Работа – Имате многу поголема концентрација отколку што мислите. Во следниов период, вашата моќ на убедување нема да дојде до израз. Можно е поголем прилив на пари преку приватна работа, најверојатно од работа со странци.

Љубов – Доколку сте долго во врска или брак, веројатно многу работи правите погрешно, а да не сте свесни за тоа. Вашите добри намери, тешко дека било кој ги забележува.

Здравје  – Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Постои можност за голем приход од соработка со странци, но не ги заклучувајте преговорите набрзина. Имате многу планови во врска со новите деловни соработки и желба да го зголемите обемот на работата, но размислите добро, пред да се вклучите во било што.

Љубов – Се чувствувате добро во друштво на моќни и влијателни личности, кои оворено ја покажуваат желбата да бидат со вас. Можна нова романса.

Здравје – Намалете ги оброците.

ЈАРЕЦ

Работа – Верувате дека знаете што работите и не дозволувате никому да влијае на вашето мислење. Не дозволувајте им, на еден Бик или Рак, да ве предомислат во врска со вашите планови кои се однесуваат на странство.

Љубов – Опседнати сте со размислување за некого, кој што сте го запознале најверојатно, некаде на пат. Добро се согласувате со личности кои имаат разбирање за вашата кариера и кои се спремни да ви помогнат да ги реализирате своите планови.

Здравје – Повремено нерасположение.

ВОДОЛИЈА

Работа – Веројатно имате повеќе ривали и непријатели отколку што претпоставувате. Не влегувате во деловна соработка со тие што не ги познавате доволно. Во овој период ве очекуваат големи добитоци во игрите на среќа.

Љубов – Верувате дека можете да ја убедите личноста која ви е драга, да го прифати вашиот предлог за заедничко патување во странство.

Здравје – Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа – Новата недела ќе ви донесе разговори во домот за нешто што ви изгледа многу битно, било да се работи за недвижнини или за некоја нова работа, во која би било вклучено целото семејство.

Љубов – Во следниов приод ќе размислувате за флерт, посебно на некое патување во странство. Можна е средба со поранешна симпатија.

Здравје – Добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖирито на Скопје Постер Фестивал вистинско дизајнерско уживање!
Следна објаваБогатството на Ориентот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР