СВЕТ ВО ТРАНЗИЦИЈА

Филмските режисери од Македонија, на возраст до 35 годишна возраст, се повикани да учествуваат на фестивалот на кратки филмови „LETS’S CEE Short Film 2017“ на тема „Светот во транзиција“. На овој фестивал ќе учествуваат и режисери од Централна и Источна Европа, Кавкаскиот регион, Турција и Австрија.

Делата со кои ќе се учествува на натпреварот не треба да бидат подолги од 30 минути, а формуларот за аплицирање мора да се потполни темелно, со сите релевантни информации. Поради зголемениот број пријави (500-тини само во рамките на последното издание), ќе се наплаќа по 10 евра во денарска противвредност по филм. Детални услови за поднесување на филмовите може да се проверат на http://www.letsceefilmfestival.com/home.html

lets-cee-festival

Македонскиот режисер Милчо Манчевски го посети LET’S CEE филмскиот фестивал во 2014 година, каде што одржа предавање и го презентираше неговиот филм „Пред дождот (Македонија/ Франција/ Велика Британија 1994). Филмот беше прикажан во рамки на „25 Ретроспектива“ и беше одбран од меѓународните критичари како најдобар филм кој бил продуциран во последните 25 години (односно, од падот на Железната Завеса) во 25-те земји покриени од LET’S CEE филмскиот фестивал.

Останати филмови од Македонија (селекција):
– „Трето полувреме“ (Македонија/ Република Чешка/САД 2012, режисер: Дарко Митревски, CEE Highlights 2013; гостин: Роберт Насков, продуцент);
– „Медена Ноќ“ (Македонија/ Република Чешка/Словенија 2015, CEE Highlights 2015; Режисер: Иво Трајков; гости: Иво Трајков и Верица Недеска, актерка).

Сите македонски филмови, освен Пред Дождот, беа презентирани како австриски премиери.
Исто така, за прв пат, на овој натпревар, со свои дела се поканети да учествуваат и филмски режисери од други држави, кои немаат можност да се натпреваруваат за главната награда во конкуренција на краток филм, ниту да бидат поканети во Виена, Австрија.

„Во секој случај, најдобриот ќе биде прикажан во рамки на Специјалната програма на кратки филмови на фестивалот „LET’S CEE Short Film“ од една едноставна причина: огромен придонес од режисерите од не-Централна и Источна Европа. Ова е причината што, секако, тие се уште се квалификувани за Наградата од публиката за краток филм“, велат организаторите.

Советодавниот одбор, на чело со познатите филмски режисери од иранско потекло, Араш Т. Риахи и Арман Т. Риахи, кои живеат во Австрија, ќе го утврдат високиот потенцијал на филмовите на поднесените дела од Централна и Источна Европа. Најдобрите 10 ќе бидат прикажани на натпреварот Краток Филм, а, додека најмалку уште десет ќе се прикажат надвор од конкуренцијата. Понатамошните кратки филмови, посебно продукција од не-ЈИЕ земји, ќе бидат прикажани во специјалната програма на Кратки филмови.

Druck

По презентацијата на продукциите на земјите-учеснички, меѓународно жири ќе го објави победникот за главната награда на филмскиот конкурс за краток филm (1.500 евра и фигура на Уранија) на Церемонијата за награди, која ќе се одржи на 25 март 2907 година во киното Уранија во Виена, Австрија. Како што веќе споменавме, секој краток филм прикажан во рамки на фестивалот ќе има можност да ја прими наградата на публиката во вредност од 1.500 евра во оваа категорија.

Режисерите што ќе победат на натпреварот Краток филм ќе имаат и други придобивки. Едно лице инволвирано во проектот ќе биде покането во Виена како гостин*) да ја презентира својата работа (на сметка на LET’S CEE и на патнерите). Покрај ова, овие десет режисери ќе добијат одлична можност, бесплатно, да бидат дел од LET’S CEE Академијата за таленти, што заеднички опфаќа пристап и до мастер класата на LET’S CEE и до LET’S CEE деновите на индустријата. Што е уште поважно, 15 претставници од сите кратки филмови прикажани на филмскиот фестивал ќе добијат место и во LET’S CEE Академијата за таленти. Тоа подразбира учество на средби на сите филмски работници, воспоставување контакти со успешни режисери, продуценти, актери и размена на искуства за нови идеи со другите филмски работници. Сите ќе бидат охрабрени да иницираат нови соработки и проекти.

Влошувањето на кризата на меѓународниот финансиски систем и брзо растечките последици од климатските промени, зголемената глобална миграција предизвикана од сиромаштија и војни и појавата на популисти во светот, Европската Унија е потресена до темел од неодамнешното излегување на Велика Британија (Брегзит) и се поголемите закани за интензивирање на проблемите, значителните пресврти на пазарот на труд и испадите на хиперкапитализмот, исчезнувањето на видовите и пренаселеноста, големите податоци и државниот надзор, хакерските напади и меѓународниот тероризам: постојат многу причини да се плашиме од непознатото во иднината. Но, оправдани ли се овие стравувања?

Најмалку една работа е јасна: промените продолжуваат да го заменуваат стабилното темпо на многу луѓе, што се чини дека е опасно. Секако, тој „свет на транзиција“ не значи дека ќе донесе само ризици, туку може да создаде и нови можности, како што се: сензационален напредок во дигитализацијата и медицината, енергетска револуција… Големиот тренд на веганство или заштеда на ресурси? Што е со овие индивидуалистички тенденции на денешницава? Како општеството треба да се справи со овие огромни предизвици на сегашноста и иднината? Како секој поединец ќе се справи со ова? Безнадежна е или сериозна ситуацијата или едноставно, значи дека треба храброст и самодоверба да се соочите со новите предизвици? Или дури и хумор? Темата на натпреварот може да се реализира во филмовите на различни начини. Може да се именуваат како интерперсонални аспекти, социјални, политички, правни и културни прашања. Со други зборови: се е можно се додека тоа e добра работа/уметност и ја опфаќа темата.

Последно, но не и најмалку важно, е фактот што голем дел од различни светски медиуми ќе известуваат за победниците на Натпреварот за Краток филм и нивната работа во изминатите години. Четврти пат по ред, филмскиот продуцент и културен менаџер Роберт Хоферер и Арделукс Кунст Културменаџмент ГмбХ ќе бидат спонзори на наградата на главната категорија во Краток филм. Официјалниот вински партнер на LET’S CEE филмскиот, LILIAC ќе донира 1.500 евра за Наградата од публиката во 2017 година.

Доколку сакате да дознаете повеќе за фестивалот и кратките филмски продукции, кликнете на Short Film Competition 2013, Short Film Competition 2014 и Short Film Competition 2015.. Нема информации за LET’S CEE филмскиот фестивал за 2016 година, поради тоа што програмата е преселена од есен на пролет.

Официјалната тема на Фестивалот на Краток филм: DOWNLOAD
Лого на LET’S CEE филмскиот фестивал: DOWNLOAD
Контакт: competition@letsceefilmfestival.com
*) Менаџментот на фестивалот одлучи секоја личност (максимум до 35 години, филмски директор, продуцент, актер, камерман, сценарист итн., ќе биде поканети да ја претстават својата работа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПилотите ја споделија тајната на совршено пакуван куфер!
Следна објаваЧетири години Cineplexx Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР