За својата божиќна реклама 2016, Burberry се сврте кон кинематографијата. Режисерот Asif Kapadia и сценаристот Matt Charman, создадоа драматичен триминутен филм кој ја раскажува историјата на модниот бренд Burberry. Ирскиот глумец Domhnall Gleeson го глуми Thomas Burberry, а Sienna Miller неговата прва љубов.

Dominic West ја игра улогата на Ernest Shackleton, истражувач кој се облекувал во Burberry габарден, за своите неколку експедиции на Антартик. Исто така, глумицата Lily James се појавува во улогата на пилотката Betty Dawson. Краткиот филм се фокусира на љубовен триаголник како фикција, со делови од првата светска војна.

sienna-miller-domhnall-gleeson-tale-thomas-burberry-film

sienna-miller-tale-thomas-burberry 10407803_894304817262987_8394759959317724996_n lily-james-aviator-tale-thomas-burberry

Писателот на сценариото Matt Charman за кампањата изјави : ” Деjствието на филмот се врти околу тоа дека еден обичен човек, донел нешто необично на светот. Thomas Burberry го создаде материјалот наречен габерден и со тоа промени многу животи. Го промени тоа што беше невозможно за многу луѓе, во смисол патување на далечни места, места на кои човечкото тело, не би било во состојба да издржи без нешто што ќе го заштити. Им помогна на луѓето како Shackleton да одат на Антартик, но и на пилотите, да ги изведат неверојатните летови на големи далечини – им дозволи на луѓето да сонуваат, а Thomas Burberry тоа го претвори во реалност.”

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈосип Коцев – Вчера и утре
Следна објаваНовите “cool” Fierce патики без врвци на Puma!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР