Јосип Коцев – Вчера и утре

3

Има денови кога смртно
му се лутам на другиот јас,
и од таа причина
престанувам да си
зборувам самиот со себе.
Докторите тогаш ми ги
запираат лекарствата,
а телалот грми:
се врати од секаде,
продолжува од почеток…
Никој не може да види,
во мене живеат илјадници други,
родени и згинати во дните што
ги одживеало ова тело.
На сите им ги држам устите
да не се надвикуваат во ужасот,
да не ги одмеруваат силите
кој е подобар, кој полош,
кој каде погрешил,
кој направил повеќе добро.
Во оваа мрежа од судбини,
душата го отфрла светот
како туѓ орган,
како страно тело,
и јас ти признавам:
убавината боде,
но, искреноста убива.
Во мигов блескам,
не пропуштај ја мојата светлина!
Ако сега не ме допреш со
врвот на показалецот,
бадијала цел живот
ќе ги прегрнуваш
со обете раце –
тој што бев вчера и
оној што ќе бидам утре!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо билката Aloe verа – е скриена тајната за сјајна коса!
Следна објаваДраматичен 3 минутен филм на Burberry со Sienna Miller и Lily James!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР