Од четири успешни и извонредни Французинкиконечно – чекајте, веќе некаде сте го прочитале ова? Секаде? Па точно секаде, кога медиумите и мрежите ја споделуваат веста за нешто толку опуштено и фантастично, без да му ја видат безвремената вредност и скокотлива корисност како од аспект на содржина, така од аспект на поука.

Мода и стил спакувани во прирачник за живот со монохроматски дизајн. Долг, но интригантен наслов со веќе позната корица – прифатена речиси од сите издавачки куќи ширум светот – со долгоочекуваниот македонски превод како 30-и-некој по ред, благодарение на Полица, може да уживаме во книгата на македонски јазик. Со веќе реализирана промоција во кафе Излет и присуство на овогодинешниот Fashion Weekend Skopje, книгата веќе почна да се вдомува низ полиците на македонските модерни жени. Четирите авторки кои воопшто нема да Ве заморат со своите приказни затоа што истите знаат дека ова не е роман, ниту пак начин за себе-промоција. Четирите пријателки коишто одлучија својот животен стил, начинот на кој го пијат кафето или ги воспитуваат децата да го споделат со остатокот од женскиот свет за да го обелоденат урбаниот мит околу тоа што значи да се биде парижанка.

1

„Секоја приказна треба да има почеток, средина и крај,

но не задолжително по овој редослед.“

Содржински, книгата брои 253 страници на кои се редат совети, агнедоти, правила, фотографии, цитати, политика, рецепти, цртежи, историја, поезија, афоризми, извадоци од други книги, тестови, мапи и уште цела низа секојдневни убавини кои освен што ќе Ви го прикажат Париз низ поинаква перспектива, туку ќе Ве натераат да се помислите дали Бог или Вог се потпишал на вистинската Библија.

Што нема да најдете во плакарот на парижанката, париски хумор и природно си е природно се само неколку од многуте теми опфатени во содржината на оваа книга – книгата за музејот под отворено небо: Париз, книгата каде што истиот е сцена на оваа модерна, совршено-несовршена жена која го прегрнува животот со двете раце (истовремено прегрнувајќи го снобот во себе)! Жената којашто е безгрижно елегантна, жената којашто нема да потроши еден час средувајќи си ја косата затоа што тоа време ќе го искористи да прочита добра книга. Таквата жена се реализира себе и притоа кажува „не“ на многу детали, многу бои, многу драма. Тоа е истата онаа жена којашто ќе порача црвено вино за ручек и која ќе изеде цела пица со 4 сирења – ама затоа ќе си стави натрен во кафето. Жената чиешто дете не е центар на нејзиниот живот, туку нејзин сателит. Таа жена не се плаши да остари… таа не носи маички со логоа или вештачко крзно, додека знае кој е нејзин парфем и додека ја познава моќта на нејзиното омилено парче облека. Ете таа жена е парижанка. Таа жена е феминистка. Парижанката не мора да е родена во Париз, најчесто не е – дури и Карл Лагерфилд го потврдува ова – но, парижанката одново се раѓа во Париз. Одново се вљубува во градот, во мажот на нејзиниот живот, во себе. Сама на себе си е своја хероина.

2

„Да, таа ќе признае дека нејзиниот шарм е нешто вештачко.

А потоа?“

3

Ова не е книга за националната супериорност на жените кои што носат епитет „французински“, ниту пак е уште една од многуте книги кои ја слават нивната вита слава и префинетост додека останатиот свет љубомори на таквите атрибути. Оваа книга е многу повеќе од тоа. Оваа книга е повеќе од доволен показател дека нашата совршена несовршеност не’ прави силни, уникатни, вистински.

Постојат три начини како да бидете парижанка каде и да сте: појдете во Париз, како прво – или, како второ, научете и зборувајте француски. Трето, но и најлесно – купете си ја книгава уште денес!

*фотографиите се преземени од Полица, а се дело на Јована Зука.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи претставуваме 3 најпродавани производи на IKEA!
Следна објаваChoker е дефинитивно модниот додаток на 2016 година!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР