Иако со неволност и разочарување ја пречекавме и прифативме веста за затворањето на книжарницата „Табернакул“ на Рекорд – иако со кнедла поголема од грлото го потврдивме неубавиот момент дека висината на интелектуалното ниво на една земја е евидентен во бројот на нејзините книжарници и библиотеки; почитуваниот Табернакул не заборави да не’ изненади. Нов наслов од нивната ризница, овој пат со потпис на големиот Орхан Памук.

2

„Чудност во умот“ – Орхан Памук

„Чудност во умот“ е истовремено и современ еп и љубовна приказна на којашто авторот работел шест години. Романот претставува и хроника на животот во Истанбул од 1969 до 2012 година, преку личните приказни на три генерации од едно семејство што од Анадолија се сели во големиот град во потрага по подобар живот. Прикажувајќи период подолг од четириесет години, читателот во оваа книга може да ја следи трансформацијата на градот, но и политичката историја на Турција. Раскажана низ призмата на сите ликови, приказната во оваа книга потврдува дека нашите одлуки се она што го одредува текот на нашиот живот.

Изданието може да се најде на kupikniga.mk и во книжарниците Или-или и Матица.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР