Уникатниот накит е секогаш добредојден кај сите кои што сакаат да експериментираат и да се издвојат од толпата.

Новитет во светот на модните додатоци се нежните и деликатни парчиња инспирирани од крилјата на пеперутките и другите инсекти или пак за оние кои што веруваат во малку магија, од крилјата на самовилите.

Изработени се од најразлични материјали меѓу кои и бронза, сребро, пластика и Swarovski кристал. Одговорна за рачната изработка е Helen Nevett, а сите парчиња се изложени во онлајн продавницата Under the Ivy.

Како ќе изгледа нашето секојдневие зависи единствено од нас, а благодарение на малите работи како што е овој накит секој може да се почувствува како самовила барем за миг.

1 2 3 5 6 7 8

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР