341970-godishen-horoskop-za-2016

ОВЕН

Работа – Тешкиот период е зад вас, одите сигурно понатаму, само малку се изморивте. Направивте драстични промени и ќе видите дека се ќе оди на добро.

Љубов – Вешто го користите својот шарм во различни ситуации и постојано смислувате необични планови. Ви следи ново познанство кое ќе ве заинтригира, но бидете дискретни во однесувањето.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

БИК

Работа – Крајот на неделата не е многу плодоносен за вас. Се надевате на најдобро, но многу проблеми ве мачат кога деловните планови се во прашање.

Љубов – Партнерот живее во убедувањето дека подобро се разбира од вас во различни области, што додатно ве нервира. Заради различни емотивни пецкања кои ги трпите, повремено делувате напнато во друштво на пријателите.

Здравје – Се чувствувате исцрпено.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Вашата работа ви носи радост и задоволство, потполно ве исполнува. Заради тоа, вие наскоро ќе напредувате на вашето работно место.

Љубов – Полесно ви е кога од одредена дистанца, смирено го анализирате вашиот однос со саканата личност. Меѓутоа, кога премногу ќе се одалечите од главните теми, вашето внимание го привлекуваат некои споредни личности.

ЗДРАВЈЕ – Повеќе вежбајте

РАК

Работа – Во овој период ќе имате повеќе работа, а додатните обврски помалку ве оптеретуваат. Очекувајте и прилив на пари – вашата девиза е – кој што дава, тој добива.

Љубов – Доколку сте млада и слободна личност, новите љубовни средби во вас ќе предизвикаат жешки страсти и чувство на задоволство, заради личност која делува инспиративно. Препуштете му се на љубовното задоволство и уживајте во работите кои претставуваат поубав дел од реалноста.

Здравје – Повеќе пешачете.

ЛАВ

Работа – Се трудите да смените нешто во врска со работниот план, а самите знаете дека можете да бидете реализирани како личност единствено, ако работата потполно ве исполнува.

Љубов – Избегнувајте ги љубовните авантури кои претставуваат обмана за слатки тајни, своето внимание посветете го на блиската личност. Ви импонираат моментите на внимание кои ги добивате во ново друштво.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа –  Се трудите, но имате чувство како нешто упорно да ви бега. Премногу сте блага природа и понекогаш е потребно да покажете заби, за да го добиете тоа што го сакате.

Љубов – Понекогаш работите ги гледате во контекст на строгите теории, но љубовниот однос бара прилагодување и да исчекорите од своите воспоставени навики. Постапете во склад со своите чувства и совест..

Здравје – Намалете ги оброците.

ВАГА

Работа – Не ги одбивајте понудите за работа, тоа не е добро за вас. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не знаете што да правите со слободното време, барем да уживате во животот.

Љубов – Бидете коректни кон својот љубовен партнер, затоа што бранот на недоразбирање може да ви создаде нови проблеми, кои ќе ве одалечат од заедничките планови. Не го провоцирајте неговото трпение или емотивната доверба.

Здравје – Држете се до советот на докторите.

ШКОРПИЈА

Работа – Вашата сила и енергија доаѓаат до израз оваа недела. Настојувајте да се покажете во најдобро светло пред претпоставените. Само немојте да претерувате во тоа.

Љубов – Со зборови не можете да направите премногу, но затоа со одредени постапки можете да ги промените сите  емотивните sидови. Способноста да го почувствувате задоволството во љубовното заведување, како и да задоволите нечии потреби, претставуваат посебен квалитет и богатство на личноста.

Здравје – Витални сте и полни со енергија.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Финансиската состојба е полоша отколку што се надевавте. Ќе дадете се од себе, повторно да вложите време и пари, како би го вратиле стариот сјај.

Љубов – Со нови заплети и различни притисоци, тешко ви е правилно да ги средите своите чувства и разумот. Повремено, имате лоши проценки во очекувањето за расплетот на случувањата во љубовниот живот.

Здравје – Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Работа – Секој кој плаче над воите проблеми а не ги решава, од вас може да очекува затворена врата. Размислете, тоа се вашите соработници – посоветувајте ги заради добрите денови.

Љубов – Понекогаш, не можете да ја откриете причината за чудното однесување на партнерот. Нема причина да се двоумите пред драгата личност, покажете ја вашата позитивна страна.

 

 

Здравје – Внимавајте на грлото.

ВОДОЛИЈА

Работа – Ја запоставувате сопствената кариера заради кариерата на партнерот, но сега тоа мора да се смени. не можете само да седите со скрстени раце.

Љубов – Вие упорно ги игнорирате постоечките проблеми. Понекогаш е тешко да се процени нечија улога или влијание во љубовниот однос.

Здравје – Витални сте – шетајте.

РИБИ

Работа – Голем ентузијазам и движечка енергија. Вие можете и на другите да ја пренесете својата позитивна енергија, а при тоа и понатаму да останете успешни.

Љубов – Сменете ја својата емотивната ориентација. Потребен ви импилсот на храброста да проговорите за работите кои ги потиснувате во скриениот дел од своето битие и да најдете заеднички интереси со партнерот.

Здравје – Напнатост во дланките. Масажа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто е ново и cool? Инсекти на модните додатоци!
Следна објава“Harbin opera house”, China
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР