Познатиот пар George и Amal Clooney, купија стан во новата луксузна зграда /во изградба/ на познатиот трговец со недвижнини Aby Rosen. Зградата ја потпишува Norman Foster, a се наоѓа на источната страна на Manhattan, во 53-тата улица.

george-and-amal-clooneys-new-york-apartment6

Ексклузивниот облакодер ќе има многу луксузни содржини, ресторан на познатиот шеф Joël Robuchon, огромен базен, сауна, соба за јога, фитнес, библиотека, како и консиерж..  george-and-amal-clooneys-new-york-apartment4

Според информацијата на NYPost, парот се одлучил за стан во оваа зграда заради уредувањето, дизајнот и додатните содржини, а голема предност е што зградата е во непосредна близина на Обединетите нации, каде Amal е позната адвокатка за човечки права, а исто така таа предава и работи на Правниот факултет на Универзитетот Columbia.

george-and-amal-clooneys-new-york-apartment5

Апартманите во луксузната зграда која се уште е во фаза на градење, би требало да бидат готови идната година, а за сега, има само рендери кои покажуваат точен дизајн на ентериерот. Цените на апартманите се движат од 2,6 милиони до 65 милиони долари! Не знаеме колку платил брачниот пар за својот апартман, но не ни важно! Нека им со среќа!

george-and-amal-clooneys-new-york-apartment8george-and-amal-clooneys-new-york-apartment3george-and-amal-clooneys-new-york-apartment2

george-and-amal-clooneys-new-york-apartment9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпој на модерен и ретро стил во куќа стара 300 години
Следна објаваЛукзузна куќа во хармонија со природата!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР