Ќе се согласите дека вистинските љубители на музиката се секогаш желни за нов и квалитетен звук во ова време на хиперпродукција на музички артисти, време кога сè „поминува“ и кога дефиницијата за добра музика за многумина има извртено значење. Една ретка комбинација на хип хоп животен стил со блуз и соул вокал најдовме во британецот Рори Греам, или Rag’n’Bone Man.

ragnbone_1

Рори е роден во Акфилд, Англија. На 15-годишна возраст започнува да настапува со локални хип хоп артисти на отворени open-mic рап вечери. Откако ги усовршува настапите во живо, Рори, поттикнат од неговиот татко, се решава да се пријави на блуз вечер и е изненаден колку добро публиката го прифаќа преминот од рап во блуз стил.

Подоцна, во 2014та, се здружува со познати изведувачи со кои снима неколку песни од кои најпознат е дуетот со раперот Vince Staples, “Hell Yeah”.

Понатаму следат нумерите од албумот “Disfigured”, од кој најголемо внимание е насочено кон одличната “Bitter End”. Слушнете ја верзијата во живо.

Овој талентиран музичар доживува планетарна слава дури изминатава година со хитот “Human”, моќна песна со универзална порака. Песната се најде на врвот на топ-листите во Австрија, Швајцарија и Германија.

Rag’n’Bone Man е интересен спој на хип хоп, блуз, соул, а во некои песни се вклучени дури и рок елементи. Талентиран музичар кој има што да понуди и кој со сигурност ја заслужува славата што му претстои.

1200x630bf

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрепорака за филм | Инферно
Следна објаваЕсенската женска колекција на Christian Louboutin инспирирана од машки чевли!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР