11774594_10206838702463296_682740626_nОВЕН

Работа – Ја решивте финансиската криза од минатата недела, но и понатаму ве мачи тоа, што немате доволно пари за вложување во проктот кој го планиравте. Не се нервирајте, sвездите се на ваша страна.

Љубов – Партенрот ве разбира, со вас минува низ турболентниот период кој влијае и на луѓето околу вас.

Здравје – Зголемена нервоза.

БИК

Работа – Забрзано ги решавате своите финансиски проблеми.  Ќе запознаете интересна личност, која ќе ви помогне да ги дофатите sвездите во вашиот деловен статус.

Љубов – Сакате да решите некои детали во врската, можеби се работи и за самиот партнер, кој е премногу тежок карактер. Се обидувате да се ослободите од прангите.

Здравје – Се чувствувате добро!

БЛИЗНАЦИ

Работа – Во суштина вие сте личност која многу добро го предвидува деловниот потег на својот шеф, па токму затоа и нема да ја прифатите неодгоговорната манипулацијата од негова страна.

Љубов – Вашата интуиција во врска со една личност, одлично работи. Овој став ќе ви помогне да го средите својот емотивен живот.

Здравје – Нмате поголеми проблеми.

РАК

Работа – Не се разочарувајте, вие немате лош став кога негативните трендови се во полна сила. Што и да се случува, вие знаете дека сте доволно способни да се извлечете.

Љубов – Заљубени и среќни, не сте свесни што всушност ви се случува во емотивните односи.

Здравје – Обидете се да ја поправите крвната слика.

ЛАВ

Без разлика на негативните сегменти на вашата работа, вие сте во игра на пазарот. Непријатна ситуација може да се случи заради недобро смислени промени, кои самите ги сугериравте.

Љубов – Партнерот се лути по малку, заради вашиот став на надмена личност. Бидете внимателни према неговите чувства.

Здравје – Посебно внимание на хронично болните.

ДЕВИЦА

Работа – Идејата која ќе ја разработувате на почетокот на неделава, ќе ви донесе решение на деловната ситуција за наредниов период. Свесни сте колку вредите, па и на таков начин се однесувате.

Љубов – Можно е дека ќе бидете желни за љубовта кон својот партнер, па ќе поминете доволно километри за да се случи нешто конкретно.

Здравје – Оставате впечаток на здрава личност.

ВАГА

Работа – Вашата гордост, не дозволува поголема деловна соработка со личност која е спремна да ви се наметне арогантно, во врска со нови деловни проекти.

Љубов – Не треба да бидете сами, па сугерираме да сте почесто во друштво. Се чувствувате егзалтирано.

Здравје – Зголемете го тренингот.

ШКОРПИЈА

Работа – Луѓето ве доживуваат како голем мудрец, што вие во суштина и сте. Многумина ве прашуваат за совет и вие несебично го давате.

Љубов – Емотивната страна ви е повеќе врзана за полето на страста. Бидете доволно искрени во своите намери, за да може нешто да се случи.

 

Здравје – Зголемено лачење на хормоните.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Нешто пропуштивте и успехот ви избегна за влакно. Ќе има мал застој, но резултатот ќе дојде.

Љубов – Нема да бидете расположени за соработка ни за излегувања, ни за кавги во кој можете некого да повредите.

Здравје – Главоболка.

ЈАРЕЦ

Работа – Имате одлична соработка со клиентите, што се гледа на деловниот план, кој ви оди се подобро. Не ги испуштајте шансите да добиете уште поголеми бенефити.

Љубов – Ве привлекува личност од минатото, но вие не знаете дали да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.

Здравје – Намалете го стресот.

ВОДОЛИЈА

Работа – Моменталната деловна состојба не е на високо ниво, иако вие постојано се борите за некаков статус. Оваа ситуација е резултат на вашите недоволно смислени потези.

Љубов – Партнерот се лути на вашиот арогантен став. Бидете внимателни, со туѓите чувства не се игра, затоа што емотивниот статус за миг може да се смени.

Здравје – Хронично болните, да внимаваат повеќе на себе.

РИБИ

Работа – Ќе ве мачат одредени дилеми, кои не ги сфативте сериозно во прв момент. Чувствувате потреба дека нешто треба да поправите.

Љубов -Некој ви се меша во врската и почнува да ве иритира со своето присуство. Се спремате за силна емотивна расправија.

Здравје – Внимавајте на настинки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакедонската литература на Саемот на книга во Франкфурт
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (24.10 – 30.10)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР