1-1

Македонски вина, македонска класична музика и македонски книги… дали атмосферата на Меѓународниот Саем на книга во Франкфурт може да стане подобра?

Имено, утре на 23ти октомври во 13 часот ќе се одвива  „Македонскиот ден“ каде ќе бидат промовирани и ќе говорат големите македонски автори Влада Урошевиќ, Гоце Смилевски и Ненад Јолдевски. Како што нѝ е многу добро познато, нивните дела се веќе преведени на неколку светски јазици – темата околу големиот предизвик „Како македонските издавачи и автори да се пробијат на меѓународната книжевна сцена?“ ќе биде дискутирана во текот на утрешниот ден, заедно со преставниците на Македонската асоцијација на издавачи каде што членуваат највлијателните македонски издавачки куќи.

1-2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛитература.мк на улица Македонија
Следна објаваНеделен хороскоп од 24.10 – 30.10.2016 година!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР