970x250

На огромно задоволство на публиката и деловниот сектор во земјава го најавуваме шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.

Според одзивот на претходните изданија, манифестацијата веќе ја стекна неопходната доверба на креативните автори, студија, компании и институции во чиј фокус се модерниот дизајн и креативниот потенцијал, пред сѐ, на младите претприемачи, и во таа смисла оваа година поставуваме платформа која ќе ги надгради досега стекнатите организациони и комуникациски искуства.

Имајќи го предвид интензивниот развој на дизајнерските иницијативи и практики во последниве неколку години, мото на шестото издание на „Skopje Design Week“ е „Blooming Makers“ (Млади брендови во подем), со цел дополнително да ги поттикнеме и поддржиме локалните дизајнери во нивниот поход кон освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им дадеме самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар.

revolve_20

Во моментов отворен е конкурсот за учество на шестото издание на „Skopje Design Week“. Дизајнерите, студијата за дизајн, компаниите, продавниците, фабриките, застапниците и дистрибутерите кои сакаат да ги изложат и продаваат своите производи за време „Skopje Design Week 2016“ можат да се пријават сѐ до 30 октомври. Производите можат да бидат од најразличен формат, материјали и бои, но значајно е да имаат истакната употреблива вредност и пазарен потенцијал. При селекција на предложените производи и брендови предност се дава на производите кои ги задоволуваат следните критериуми: функционалност, пазарен потенцијал, цена на чинење и естетика.

Деталната пријава за учество може да се најде на официјалниот сајт на „Skopje Design Week 2016“.

До 30 октомври ќе биде отворен и конкурсот за дизајн на престилка, кој е наменет за студенти, а кој „Skopje Design Week“ го реализира во соработка со Италијанската стопанска комора во Скопје. Наградата за најдобриот дизајн ќе биде учество на летна школа на Академија Италијана во Фиренца во текот на 2017 година. Деталите за конкурсот може да се најдат на сајтот на „Skopje Design Week“.

 Хрвасткиот бренд “Просториа”, учесник на “Skopje Design Week 2016”

Главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на „Skopje Design Week“ се изложбата, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови.

Земја во фокус на шестото издание на „Skopje Design Week“ е Австрија, дизајн велесила, од каде доаѓаат 28 изложувачи, така што со гордост ја најавуваме досега најголемата изложба на земја во фокус воопшто презентирана во Скопје.

polygon_19

Во однос на презентациите го најавуваме гостувањето на еден од најуспешните дизајнери од регионот, Зоран Једрејчиќ, кој ќе го претстави концептот на Белградскиот саем за мебел, односно новата акција за Дизајн брендови од регионот и нивно директно поврзување со интернационални купувачи и дистрибутери.

Маја Лалиќ и Александар Велиновски ќе ја претстават платформата „Балканска дизајн мрежа“, нејзиното проширување во поглед на членки и настапите на подалечни дизајн-фестивали.

Оваа година за првпат ќе бидат доделени награди за Најперспективен бренд и Студентски дизајн, а програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.

Неделата на дизајнот во Скопје е фестивал на кој се претставуваат нови и иновативни дизајн-решенија на производи, графички дизајн, брендови, ребрендирања и кампањи на производи, како и моден дизајн, а на скопската мапа на иновативноста, креативноста, вкусната кујна и доброто расположение е вцртана од 2011 година.

„Skopje Design Week“ е настан што никој од нас не треба да го пропушти, 23-27 ноември, во „Јавна соба“ – центар за дизајн и иновации. Влезот за време на фестивалот за сите посетители е слободен.

За повеќе информации обратете се на,

Нена Гиевска

PR Агенција Навигаторс – snezana.gievska@gmail.com

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 најдобри и најстрашни нокти за денот на вештерките!
Следна објаваЛитература.мк на улица Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР