Уредувањето на домот може да биде комплексна активност која што одзема многу време и енергија. Да се избере соодветна декорација е потешко отколку што изгледа на прв поглед. Неопходно е да се разгледаат голем број на опции, различни стилови, комбинации на бои…

Од многубројните можности минималистичкиот пристап е непогрешлив. Конкретно кога станува збор за декорирање на ѕидовите, од бесконечниот избор на слики оние со геометриски, апстрактни мотиви се сигурна опција. Ја нарушуваат монотонијата на празниот ѕид и овозможуваат современ изглед, без притоа да делуваат нападно и премногу колоритно.

Dream Prints Designs е онлајн продавница која е специјализирана за слики во модерен и минималистички стил. Иако производите кои што ги нуди потсетуваат на скандинавскиот начин на уредување на домот, дизајнерот е всушност младата Моника од Романија. Нејзина најголема желба е да ги инспирира луѓето со нејзините оригинални идеи, а сликите кои што ги изработува придонесуваат да си ја исполни.

Во продолжение можете да погледнете дел од она што Dream Prints Designs го нуди.

1 2 3 4 5 6 7

НЕМА КОМЕНТАРИ