Посветено на вистинските љубители на музиката…
На 12 октомври во кафе „Излет“ ќе се случи втората голема промоција на книгата „Музика и муабети“ во издание на издавачката куќа „Полица“. Оваа книга е колекција на музички интервјуа од новинарот Ненад Георгиевски, кои се собирани во период од 15 години. Книгата се состои од 40 интервјуа и исто толку фотографии. Предговорот е напишан од Влатко Стефановски, а од соговорниците ќе прочитате „муабети“ со голем број соговорници: од David Sylvian, Pat Metheny, Џијан Емин и Кирил Џајковски, па сè до Peter Hook (Joy Division/New Order), Paul Hartnol (Orbital), Rob Garza (Thievery Corporation), David Byrne, Brad Mehldau и многу други.

1

На промоцијата ќе настапи новиот џез-состав (октет) предводен од Џијан Емин (OHTO).
По првата промоција која се случи вчера, 03.10.2016 година во Кинотека на Македонија – Ненад и тимот на Полица Ве очекува во „Излет“.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДоцна есен во Швајцарија
Следна објаваКрагната со маче, ќе ве освои на прв поглед!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР