За да се овозможи весела атмосфера и пријатен престој во било која просторија понекогаш е доволно само едно обично декорирање.

Празниот, бел ѕид може да изгледа многу здодевно. Се разбира, слика или фотографија е најчестиот избор за да се наруши монотонијата. Но, доколку сакате нешто поуникатно во продолжение можете да ги погледнете тродимензионалните декоративни елементи изработени од хартија кои се лепат на ѕид.

Секоја од декорациите се лепи поединечно што овозможува распоредување онака како што најмногу одговара во зависност од местото каде што се поставуваат. Декорациите имаат голема приспособливост и можат да се залепат на најразлични површини. Отстранувањето е лесно и не ја оштетува површината.

Личноста позади овие декоративни пеперутки, листови и многу повеќе е Хајди, девојка за која сè започнало кога одлучила да ги направи сама подароците за Божиќ за своето семејство. Задоволни од подарокот што го добиле тие предложиле Хајди да го прави ова не само како свое хоби, туку и како работа од која може да заработува.

Оние кои што се подобри во проекти „направи сам“ би можеле да ја позајмат идејата на Хајди. Потребно е хартија и различни бои и малку повеќе креативност.

1 2 3 4 5 6 7

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР