Секојдневно дознаваме, читаме и им се восхитуваме на гламурозните модни настани кои се случуваат во големите метрополи како Милано, Париз, Лондон…

dsc_1935Оваа среда, чест ни беше да присуствуваме на прекрасниот коктел-настан по повод 10тиот роденден на MARELLA во Скопје, и за момент да ја осетиме Италијанската култура на нашата кожа.

Обрнувајки внимание на секој ситен детал, од прекрасно декоративни мафини и колачи, до шампањ, балони, DJ… MARELLA подготви и оствари искуство кое долго ќе се памети.

dsc_0941

Настанот беше исполнет со грациозни, елегантни жени и девојки, модни уреднички, и модни блогерки, кои ни покажаа дека и во Скопје модата е на врвно ниво. Со уникатни стајлинзи, смели комбинации, трендовски аутфити и како клучен детал огромни насмевки на лицата докажавме дека не сме далеку од светските модни трендови.

Погледнете подолу фотографии од настанот и инспирирајте се.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБоите на зајдисонцето во Њујорк
Следна објаваНајубави куќички за кученца кои сакаме да ги имаме во станот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ