Иако Данска важи за “ладна земја’, не само во однос на климата туку и воопшто за карактерот на луѓето кој живеат таму, но статистичките податоци велат дека Данска е земјата во која живеат најсреќните луѓе на светот. Tоа е така благодарение на високиот стандард, одличниот образовен систем, богатата културна сцена. либералниот политички систем но и поради фантастичната јазична поткованост на населението кое што 90% го зборува англискиот јазик, а со тоа земјата го носи епитетот “User frendly country”.

Кога еднаш ќе ја посетите Данска ќе се уверите во горе споменатите факти. Кога ќе се спомене Копенхаген и Данска најчесто прво што ни паѓа на ум е дека таа е една од скандинавските земји, а малку кој од нас ќе помисли дека таа е земја на Ханс Кристиан Андерсен, Хамлет, Малата Сирена и на познатиот филозоф Кјеркегор.

Почетна точка кога ќе пристигнете во Копенхаген е аеродромот Castrup. Од тука се пружа можност за посета на Malme, Sweden и тоа преку познатиот мост Oresund со кој се поврзани овие две земји. Метрото во Копахаген е целосно компјутеризирано, и практично “оди само”. :)

Прочуеното пристаниште “Nyhavena” кое едно од главните обележја на Копенхаген и кој често го гледаме на разгледниците на градот е првото нешто на кое ќе наидеме кога ќе пристигнеме во градот. Околината на пристаништето ја красат весело обоените згради во чии приземја има голем број на ресторани, занаетчиски работилници и продавници за сувенири. Во непосредна близина се наоѓа познатата статуа на “Малата сирена”, како и големиот број на пристаништа, кралевската библиотека и познатата копехашка опера.

Движејќи се по Nyhaven према север се нижат познатите знаменитостикако што се; Amelienborg и Frederiksstaden, познатиот кралевски резиденционален кралевски коплекс и музејскиот рај односно Данската национална галерија.

Најпознатата пешачка зона во центарот “Strogett street” во која има голем број на галерии, ресторани, бутици е едно од најинтересните места во градот. Тука исто треба да споменеме дека се наоѓа и музејот на гинисовите рекорди “Repley”. Бројните улични забавувачи се главното обележје на гратски кварт.

При посетата на Копенхаген покрај многуте знаменитости, ви препорачуваме и посета на познатиот парк “Tivoli”. Овој парк бил инспирација и на Wolt Disney. Тиволи е дефинитивно најшармантен во зима кога се претвора во еден вид на панаѓур каде може да се најде греано вино, и многу слатки задоволства. Тука се одржуваат и многу концерти, театарски претстави и огномети.

Кога станува збор за пивото прво што ни паѓа на ум е познатиот Carlsberg и Tubourg. Тука се сместени двете познати пивари а во нивната околина е и најпознатата и најстара золошка градина во Европа.

Во околината на Carlberg, поточно во дворот на фабриката се наоѓа “Experimentarium”,инспиративен музеум посветен на децата каде што можат да ги презентираат своите инспиративни дела и изуми.

Доколку одлучите да го посетите Копенхаген немојте да ја пропуштите посетата на легендарниот Хамлетов замок “Helsengor”, музејот на современа уметност “Lousiana”и Viking Museum.

На крајот мора да споменеме дека во Копехаген има многу убави плажи, од која најпозната е Amager која е омеѓена со голем број на ветерници кој се природен извор на енергија. Посетата на Копенхаген секако нема да ве остави рамнодушни, ви ја препорачуваме како ваша следна дестинација! :)

42-1-13-kopenhagen-stadhuis-2-900x640

2015-09-16_2008

635693214286718021-719387210_copenhagen-hero

3-stadhuis

copenhagen

copenhagen-405188_960_720

denmark-copenhagen-weekend-break-xlarge

carlsberg-custom

cphac_main01_r

????????????????????????????????????

copenhagen_featured

hrc_copenhagen_stage_2083-header

kronborg-original-12166

images-2

kronborg-og-queen-mary2

copenhagen-and-vicinity-178252-smalltabletretina

nyhavn-canal-copenhagen-denmark

mr120520_img_7830

 

little-mermaid-copenhagen-denmark

2015-02-10-tivoli_gardens

crop

hans-christian-andersen-christmas-market_pr_photo-2

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР