Во денешно време, маркетингот е еден од клучните фактори за успешноста на брендовите, а компаниите се повеќе се трудат да направат бум, но за жал малку работи се навистина дотогаш невидени.
Шетајќи се по најголемиот трговски центар Сити Мол случајно го забележавме излогот на компанијата Бела кој навистина отскокнуваше од останатите. Компанијата дефинитивно овој пат успеа да го задржи не само нашето внимание преку својата креативиност, туку и на огромен број минувачи чии коментари беа воодушевувачки. Од таа причина решивме да ја пренесеме моќната порака на брендот кој оваа година ја прославува својата јубилејна 25та година.

20160929_000531

Во краток разговор со директорката за маркетинг и продажба Стефанија Златку, имавме прилика да ја слушнеме целата приказна на брендот која е прикажана на излогот кој воодушевува.

– Идеата за излогот е навистина интересна, целта беше да биде посебен, а едноставен. Да биде прикажана приказната на Бела и за тоа колку нашите клиенти се најзаслужни за успешноста на брендот. Во реализацијата беа вклучени голем број на наши лојални клиенти, наши досегашни соработници и дел од блиските пријатели кои секојдневно придонесуваат со својата поддршка за развивање на брендот се повеќе. Пред се Бела е деловната и современа жена, жената која може да го преврти светот. Затоа и пораката на излогот е толку моќна. Брендот оваа година на 5ти октомври го прославува својот 25ти роденден, а тоа зборува за квалитетот кој ние го нудиме, како и за љубовта која ја вложуваме во работата секојдневно. Од маркетиншки аспект, излогот е лицето на брендот, лицето на компанијата, и токму тоа е нашиот проект- успешно прикажување на лицето на БЕЛЛА. Бела постојано пратејќи ги светските трендови се труди да се издвојува во секој аспект и можам да кажам дека овој воодушевувачки излог е само чекор напред кон една уште поубава и поуспешна приказна.img_20160929_001222

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКршење, прекршување – Игор Исакоски
Следна објаваCopenhagen, градот во кој живеат најсреќните луѓе на светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ