Светски познатата македонска компанија за организација на маркетинг настани Пи Ворлдна македонската публика ќе и ја претстави својата прва стручна книга „Тајните на светските ПР експерти“.

Промоцијата ќе се одржи на 30.09.2016 година на најголемиот настан во Македонија „Маркетинг Кингдом“, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје. Книгата ќе биде во продажба од 3-ти октомври 2016 година во сите книжарници на Издавачкиот центар ТРИ, како и на kniga.com.mk

cover-tajnite-na-svetskite-pr-ekseprti

„Книгата е напишана од 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија за предизвиците во професијата. Нуди интересни идеи и размислувања на овие експерти за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени. Одлучивме да ја промовираме пред стручната јавност во Македонија со поддршка на Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија“, вели Коста Петров, основач и сопственик на Пи Ворлд, уредник на книгата „Тајните на светските ПР експерти“.

 

Според неговата колешка, Мери Џо Џејкоби-Џефсон, оваа книга е различна од останатите затоа што собира „богатство од лични искуства и практични совети“.

kniga-tajnite-na-svetskite-pr-eksperti-1

„Четириесет години во индустријата на комуникации и односи со јавност ме научија како да препознаам вистински експерт, а секој член на оваа фасцинантна група автори, индивидуално, е вистински пример за тоа. Заедно, тие претставуваат богатство од лични искуства и практични совети, кои нема да ги најдете на друго место. Како експерти, сите се зафатени личности, кои активно работат на корпоративните побарувања или побарувањата на клиентите, водат стратегиски сесии за размена и дискусија на мислење и се справуваат со куп барања. Големо барање е да ги убедите да ги споделат со читателите нивните грижливо чувани професионални тајни со пишување поглавје за оваа колекција. Фактот што ова издание постои кажува многу за нашиот уредник, раководител на овој проект, македонската инспирација, Коста Петров“, вели Мери Џо Џејкоби-Џефсон.

Книгата која ги содржи размислувањата на меѓународните експерти од индустријата на односите со јавноста може да се купи во книжарниците низ Македонија.„Тајните на светските ПР експерти“ е поддржана од Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, која годинава одбележува пет години функционирање на македонскиот пазар.

P World (www.thepworld.com) е интернационална, креативна агенција, која ги организира некои од најиновативните настани за односи со јавност, човечки ресурси и маркетинг во 30 држави во светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Норвешка, Република Чешка, Турција, Мароко, Египет, и Јордан. Компанијата исто така е и горд организатор на првите интернационални настани за маркетинг и човечки ресурси во Исламската Република Иран.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајздравиот пијалок кој морате да го пиете на есен!
Следна објаваКршење, прекршување – Игор Исакоски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ