peles-castle-terrace

Домот на Романското кралско семејство, прекрасниот дворец Пелеш е убедливо најубавото нешто што може да се види во Романија. Постојат многу издржани причини овој дворец да се смета најубавиот во целиот свет.

Крунисан во 1866, првиот романски крал со германско потекло, а воедно и личноста одговорна за изградба на овој дворец, Карол I бил пример за чесност не само во својот личен, туку и во политичкиот живот. Заедно со својата сопруга, кралицата Елизабета попозната под својот псевдоним Кармен Силва владееле со Кралството Романија 48 години.

По едно патување низ живописниот регион во долината Прахова во близина на Синаиа, Карол I воодушевен од убавината на околниот пејзаж, а воедно и носталгичен по својот роден крај кој што потсетувал на овие предели го одбрал токму ова место за летна резиденција.

Изградбата на дворецот започнала во 1875 година и се одвивала во два периоди.

peles-castle-exterior-3
Статуа на Кралот Карол I пред дворецот Пелеш

Кога пристигнал во Романија бил познат како човекот со актовката, бидејќи дошол само со една актовка и ништо повеќе. Меѓутоа, веднаш после него пристигнало целото богатство кое што го поседувал, а било доволно да се изгради величествен дворец кој што ги содржел во себе сите достигнувања од областа на науката и технологијата.

Еден од поинтересните факти за овој дворец е тоа што уште од почетокот на неговата изградба имал електрична енергија и осветлување, централно греење, вентилација, телефон, централна правосмукалка и лифт.

Изграден е во стил во кој што доминира германската ренесанса, но се чувствува влијание на италијанската и англиската ренесанса, германскиот барок и францускиот рококо. Надворешниот изглед на дворецот изобилува со дрво, па целокупниот резултат е во совршена хармонија со околната природа.

peles-castle-courtyard

Дворецот се состои од повеќе од 160 простории, многу од нив тематски декорирани или уредени во стилот на различни култури од целиот свет. Така на пример има Фирентинска соба исполнета со уметнички дела на најталентираните фирентински уметници и Турска соба – одлична илустрација на турскиот живописен стил. Потоа има музичка соба исполнета со музички инструменти и уметнички слики со тематика преземена од перото на Кармен Силва, односно самата кралица Елизабета, како и соба за оружје која што содржи импресивна колекција на оружје и штитови од целиот свет од над 4000 парчиња. Листата на простории декорирани во најразличен стил и изградени со најразлична цел е навистина долга, но секоја од нив е подеднакво интересна.

Овој дворец претставува место каде што може да се погледне најголемата колекција на уметнички дела во Централна и Источна Европа. Собрани се голем број статуи, слики, мебел, оружје, предмети изработени од злато и сребро, витраж, порцелан и таписерии.

peles-castle-arms-and-armor
Соба во која е сместена колекцијата на оружје
peles-castle-turkish-saloon
Турскиот салон
peles-castle-music-room
Музичка соба

Почесната соба, а воедно и најимпресивната сала за прием во дворецот е декорирана со впечатлива резба изработена од дрво од орев од страна на најдобрите македонски и грчки резбари. Таванот е изработен од витраж стакло со алегорични мотиви од романската култура. Неговата подвижност се овозможува рачно или пак со електромотор, а претставувала елемент на воодушевување кај сите посетители, односно сите гости на кралот.

peles-castle-grand-hall peles-castle-grand-hall-ceiling-3 peles-castle-grand-hall-ceiling-1

Уште еден интересен податок е тоа што дворецот содржи сопствен театар, кој што може да биде искористен и како кино. Театарот е декориран со делата на Густав Климт.

Браќата Манаки биле поканети во дворецот Пелеш од страна на кралот Карол I. За време на оваа посета учестувале на натпревар во кој што освоиле златен и сребрен медал. Како резултат на ова достигнување биле прогласени за официјални фотографи на романскиот крал.

peles-castle-theater-hall

Во склоп на дворецот се уште 15 други објекти меѓу кои и помалиот дворец Пелишор, дом на принцот Фердинанд и принцезата Марија пред нивното крунисување како кралски пар.

Денес дворецот Пелеш претставува музеј кој што може да се посети во текот на целата година, освен во ноември кога е затворен заради одржување. Уште за време на неговата изградба кралот Карол I имал желба овој дворец да остане во рацете на целиот романски народ и да биде користен како музеј дури и додека сè уште владеел.

Дворецот Пелеш претставува ремек – дело и од архитектонска и од уметничка гледна точка и е локација која што навистина вреди да се најде на сечија листа на посетени места.

peles-castle

peles-castle-romania-1

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР