Знаете што значи да се биде креативен?

1

Тоа е процесот кога откривате кои се вашите граници, и како истите да ги надминете.

И првиот „удар” го задавате на својот стил.

Токму ова е една од целите на тимот естети собрани околу брендот S.ignature. Нивната примарна дејност е рачно „кастмизирање” на патики (и чевли), но суштината на нивната работа, како што велат, е многу поинаква – сакаат да влијаат на отворање на креативните виуги и да ги направат луѓето посмели.

6 7 Со три колекции и низа „one of a kind” дизајни зад себе, основните правила на S. се:

  • Секоја колекција содржи само 20 пара, а принципот на продажба е „first-come first-served”;
  • Сите дизајни во себе содржат асиметрија – бидејќи ниту луѓето, камоли текстилот, не се перфектно симетрични.
  • Цените се прилагодени за македонскиот пазар, се со цел ширење на културата на носење custom патики.

3

Во момент кога ја пласираат својата четврта колекција, „Series4”, ги прашавме што за нив значи рачното дизајнирање и изработка на патики?

„Тоа е нашата медитација – патика по патика, го вградуваш твојот ликовен израз, расположение, емотивна состојба. Некогаш еден ист дизајн може да се смее, но и да плаче. Но, кога клиентот ќе ги облече, веднаш почнуваат да го проектираат неговиот карактер. Стануваат негов потпис.”
4

Покрај профилите на Facebook и Instagram, S.ignatureможете да ги најдете и на светските онлајн продажни мрежи за рачно изработени парчиња. Ни се пофалија и дека S., како македонски потпис, „шета” во повеќе европски градови, што е вистинско признание за секој бренд.
5За S. Series4?

Тргнавме од егзактноста на науката, која ја измешавме со имагинацијата потребна да се биде уметник, во било која сфера од животот. Резултатот беше едноставен – две неспојливи работи, прават илузија. А подобра визуелизација од монохроматска коцка што се врти, не можевме да замислиме!”
За идните планови?

Се извинуваме ако некои периоди не нема. Но, не сакаме и премногу да не има. Цела година се подготвуваме за последниот квартал на 2016. Така да, очекувајте многу, многу новитети!”

 8

*Фотографиите се од најновата Series4 на S., а Вие побрзајте на нивните профили, бидејќи 20 пара брзо ќе ги снема…

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагијата на есента
Следна објаваПрекрасни фотографии од најубавите езера на Алпите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР